Конкурсот за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори во претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, е продолжен до 12 август, поради летните одмори, како што се наведува во соопштението.
Државниот завод за статистика, со цел да обезбеди доволен број на кандидати за попишувачи и инструктори од кои ќе може да направи избор на најдобрите кои ќе го спроведат попишувањето на терен, го продолжи јавниот конкурс за пријавување и ги повикува сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следните линкови:
www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.mk
Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава,
потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до
Државниот завод за статистика, ул. Даме Груев бр.4 во Скопје, п.фах 506,
најдоцна до 16.08.2021 година или на денот на закажаното тестирање во
просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.
Во Југоисточниот регион според податоците објавени од Заводот за статистика ќе бидат ангажирани 442 попишувачи и 46 инструктори за 10 општини во регионот
Во Богданци ќе бидат потребни 23 попишувачи, и двајца реонски инструктори, во Радовиш 66 попишувачи и 7 инструктори. Во Гевгелија и Дојран 88 попишувачи и 9 инструктори, Валандово 30 попишувачи и тројца инструктори. Во Струмица и Василево 167 попишувачи и 18 реонски инструктори. Во Ново село и Босилово 68 попишувачи и 7 инструкотири.
Пописот
на населението, домаќинствата и становите ќе се реализира во периодот од 5 до
30 септември, годинава.