Connect with us

Гевгелија

Локализиран пожарот кај Фурска брана, и кај Богородица, Гевгелија

Media Press

Published

на

Благдарение на брзата интервенција на пожарникарите, успешно е спречено ширењето на пожарот кој што изби кај Фурска брана.

„Само совесно однесување може да ги спречи штетите од непроценлив карактер“, напиша градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов во објавата на социјалните мрежи, кој се заблагодари на пожарникарите за брзата интервенција.

„Да се однесуваме одговорно, да бидеме претпазливи и да ја заштитиме нашата природа“, апелира Ангов.

Вчера во попладневните часови, во Гевгелија избувна уште еден пожар над БП „Лукоил“- Гевгелија, на боровата шума покрај стариот пат кон Богородица. Од ТППЕ- Гевгелија информираа дека пожарот навремено е локализиран и истиот е изгаснат. Со помош на две пожарникарски возила, механизација и возило на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, механизација на градежната компанија „МЛАЗ ИНЖЕНЕРИНГ ТРАСНПОРТ“, граничната полиција, странската полиција, ПС- Гевгелија, вработените од хотел-казината „Скај“ и „Принцес“ БП „Лукоил“ и жителите од населеното место Богородица. Пожарот зафатил површина од 1 хектар борова шума и сува трева.

Причината за настанување на пожарот е човечки фактор, истакна командирот на ТППЕ- Гевгелија, Игор Ризов.

            Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, истакна посебна благодарност до жителите од населеното место Богородица за нивниот придонес и соработката со надлежните органи, поздравувајќи ја потврдената одговорност кога се работи за катастрофи во кои се засегнати човечките животи и уништувањето на природата.

Гевгелија

Приведен криумчар на мигранти во гевгелиско

Media Press

Published

на

 Денеска (06.01.2022) околу 13.30 часот во координирана акција на полициски службеници од ПС Гевгелија и граничната полиција на патниот правец с. Прдејци-с. Смоквица приведен е П.Г. (48) од с. Богданци, поради тоа што во возило „форд фокус“ со гевгелиски регистерски таблички превезувал пет лица-мигранти од Куба. По целосно документирање на случајот, против П.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Општина Гевгелија лани доделила паричен надомест за 149 новороденчиња

Media Press

Published

на

Општина Гевгелија во текот на 2021 година доделила еднократна парична помош на 149 новороденчиња. Од вкупниот број поднесени барања, 76 биле поднесени за родени девојчиња, а 73 за момчиња. Паричен надоместок е доделен на првородени деца – 80, второродени- 54 деца, а, исто така, и за 12 третородени и 3 четвртородени деца.

Согласно Програмата за социјална заштита, Општина Гевгелија на секое семејство за новороденчето, жител на општината, доделува паричен надомест за прво и второ во висина од 6.000 денари, а за третородено и секое наредно дете по 12.000 денари. Како и за првото родено дете во новата година, жител на општина Гевгелија, ваучер од 10.000 денари и пригодни подароци.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Градоначалникот Сарамандов во посета на првото новородено дете во Општина Гевгелија

Media Press

Published

на

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, денеска, ги посети мајката и првото новороденче во Општата болница во Гевгелија. Притоа, на родилката и ги врачи ваучерот од 10.000 денари и други подароци за прво родено бебе во Новата 2022 година, жител на општина Гевгелија.

Сарамандов и ја честита првата рожба на Пепита Спасова, посакувајќи му на бебето здравје, среќа и безгрижно детство. Имено, Општина Гевгелија, во попладневните часови од 1 јануари, 2022 година, го доби новиот жител. Mајката Пепита Спасова од Давидово на свет донесе здраво, машко дете, тешко 3 килограми и 150 грама, а долго 50 цм. Породувањето е извршено во Одделот за гинекологија и акушерство, во ЈЗУ Општата болница со проширена дејност во Гевгелија. Новороденчето е прво дете на брачниот пар Спасови од населеното место Давидово.

Прочитај повеќе