Connect with us

Гевгелија

Синоќа ставен под контрола пожарот кај „Богородица“, гаселе и армиски хелихоптери

Media Press

Published

на

Синоќа по 20:00 часот беше отворен за сообраќај граничниот премин „Богородица“, што беше затворен откако попладнево во негова близина избувна пожар, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

   По четиричасовната борба со пламените јазици кои го зафатија шумскиот појас крај македонско-грчката граница, пожарот е ставен под контрола, потврдуваат и од општина Гевгелија.

Од ТППЕ- Гевгелија информираат дека пожарот зафати огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчката територија, зафаќајки ја и граничната караула на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило.

Во локализирањето на пожарот, покрај ТППЕ- Гевгелија, учествуваа и ЈПДК „Комуналец“- Гевгелија со механизација, Шумско стопанство- ПЕ „Кожув“- Гевгелија, граничната полиција и вработени од хотел „Фламинго“, хотел „Принцес“ и БП „Шимов“ со помош од воени хеликоптери успеаа да ги скротат пламените јазици и да ги спасат од поголема опасност објектите на потегот кон ГП „Богородица“.

           Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, кој постојано ја следеше и координираше работата за локализирањето на пожарот на самиот терен, изразува благодарност до сите учесници во гасењето на истиот.

        „Jа изразувам својата благодарност за херојството и интервенцијата на гевгелиските пожарникари, вработените од ЈПКД „Комуналец“ и Шумско стопанство- ПЕ „Кожув“- Гевгелија, вработените од хотел „Фламинго“, хотел „Принцес“, БП „Шимов“, граничната полиција и ПС- Гевгелија. Како и до ТППЕ и градоначалниците на Демир Капија, Неготино и Кавадарци кои веднаш излегоа во пресрет на барањето на Општинскиот кризен штаб и се придружија на сите нам во борбата со пламенот, придонесувајќи да се избегне катастрофа од поголем размер“, вели градоначалникот Поцков.

Тој апелира до граѓаните, за време на овие летни горештини да бидат внимателни при фрлањето отпушоци, земјоделците да не ги палат стрништата и земјоделските отпадоци и да ја почитуваат забраната на Владата за посета на шумските предели! Како би ја отстраниле опасноста од предизвикување материјални штети и загрозување на човечки животи.

Гевгелија

Три лица без сертификат затекнати во угостителски објект во Миравци

Media Press

Published

на

На 22 јануари односно во саботата во времето од 23.00 до 24.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола во угостителски објект во село Миравци, гевгелиско и при  контролата  било констатирано дека во објектот од страна на правното и одговорно лице не биле почитувани донесените владини мерки за заштита од Ковид 19, односно, немало задолжителна проверка на влез на гостите од страна на одредено одговорно лице – редар,  вработените во угостителскиот објект кои послужувале гости не носеле заштитни маски,  немало задолжително поставено дезинфекциски средства, а во објектот биле затекнати и тројца гости кои не поседувале сертификати.

 Известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ соопштуваат од СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Приведен криумчар на мигранти во гевгелиско

Media Press

Published

на

 Денеска (06.01.2022) околу 13.30 часот во координирана акција на полициски службеници од ПС Гевгелија и граничната полиција на патниот правец с. Прдејци-с. Смоквица приведен е П.Г. (48) од с. Богданци, поради тоа што во возило „форд фокус“ со гевгелиски регистерски таблички превезувал пет лица-мигранти од Куба. По целосно документирање на случајот, против П.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Општина Гевгелија лани доделила паричен надомест за 149 новороденчиња

Media Press

Published

на

Општина Гевгелија во текот на 2021 година доделила еднократна парична помош на 149 новороденчиња. Од вкупниот број поднесени барања, 76 биле поднесени за родени девојчиња, а 73 за момчиња. Паричен надоместок е доделен на првородени деца – 80, второродени- 54 деца, а, исто така, и за 12 третородени и 3 четвртородени деца.

Согласно Програмата за социјална заштита, Општина Гевгелија на секое семејство за новороденчето, жител на општината, доделува паричен надомест за прво и второ во висина од 6.000 денари, а за третородено и секое наредно дете по 12.000 денари. Како и за првото родено дете во новата година, жител на општина Гевгелија, ваучер од 10.000 денари и пригодни подароци.

Прочитај повеќе