Connect with us

Регион

Трето прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот регион

Media Press

Published

на

Трето прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека третото прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 03 до 05 Август 2021 година, со следниот распоред:

На 03.08.2021 година (Вторник), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.

На 04.08.2021 година (Среда), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево, Струмица.

На 05.08.2021 година (Четврток), во период од 20 до 04 часот во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Регион

Дури 35 кандидати за градоначалници влегуваат во трка за градоначалничко место, во општините во Југоистокот

Media Press

Published

на

 35 кандидати за градоначалници во 10 општини во Југоистокот влегуваат во трка за градоначалничко место  на претстојните  локални зибори, кои ќе се одржат на 17 октомври

Во Општина Радовиш до ОИК  има доставено  четири кандидатури за градоначалник. Oд ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, од СДСМ и коалицијата, од  ЛДП и ДОМ, и еден независен кандидат. Пет партии и коалиции предложија свои Советнички листи и една независна.

Пет пријави за кандитатура на градоначалници и шест пријави за Советнички листи, кои ќе се борат за локална власт на 17 октомври, има во Гевгелија, по потврдувањето на листите од ОИК. И тоа кандидатури има поднесно од СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ, од ЛДП И ДОМ, од ИНТЕГРА и од Независната советничка листа .
Додека, листи со кандидати за членови во Советот на Општина Гевгелија до ОИК доставиле ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛЕВИЦА, ЛДП И ДОМ, како и Независната советничка листа и од Интегра.

Во Струмица има поднесно три кандидатури за градоначалник. Коалицијата на СДСМ, коалицијата на ВМРО ДПМНЕ и Интегра .Во Струмица има и осум Советнички листи.

Во Богданци до ОИК доставени се три кандидатури за градоначалник, од СДСМ, од ВМРО -ДПМНЕ и еден независен. Во Богданци има доставено пет Советнички листи.

Во Дојран исто така има три кандидатури за градоначалник, од СДСМ и од ВМРО -ДПМНЕ, а со свој кандидат се појави и ПОДЕМ. Во Дојран има четири Советнички листи.

Во Општина Конче доставени се три кандидатури за градоначалник од СДСМ, од ВМРО ДПМНЕ од ДПТМ. Таму се доставени дури шест Советнички листи.

ВО Валандово, Василево, Босилово и Ново Село по две кандидатури за градоначалник од двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ  со коалициите.

Во овие општини, Советнички листи имаат пријавено коалициите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, на ЛДП и ДОМ, Интегра и единствена Македонија, Граѓанската група Стига и Левица во завосност од било која општина.

             Од страна на ОИК, листите ќе бидат доставени до Државната изборна комисија за да биде извршено ждребување, по кој ќе се утврди редоследот на политичките партии, добивајќи ист реден број во сите општини. По ждребувањето, листите официјални ќе бидат објавени на веб-страната на ДИК и огласени од страна на Избирачките одбори.

Прочитај повеќе

Радовиш

Независниот кандидат Горан Поцев влегува во трка за градоначалник на Општина Радовиш, ги собра потребните потписи

Media Press

Published

на

Заклучно со 28 август, до 21 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписи ги собрале 21 кандидати за градоначалници а за 15 продолжува собирањето.

Меѓу кандидатите за градоначалници кои собрале потиси е и Горан Поцев, кандидат за градоначалник на Општина Радовиш. Поцев беше член на советот на Општина Радовиш во изминатите 4 години од независна советничка листа.

Во општините од Југоистокот потписи собрал и  Глигор Петков, кандидат за градоначалник на општина Гевгелија.

Собирањето на потписи продолжува за уште двајца кандидати кандидати за градоначалници во општинит во регионот:

 Иљо Ангов, кандидат за градоначалник на општина Василево и Ристо Џаков, кандидат за градоначалник на општина Богданци,

Заклучно со 29 август, до 21 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписите за листи на кандидати за членови на совет на општините од Југоистокот ги собрале и Група избирачи Алексанрда Илиев Трајанова, листа на кандидати за членови на совет на општина Радовиш. како и Група избирачи Томе Ќичуков, листа на кандидати за членови на совет на општина Гевгелија.

Продолжува собирањето на потписи за листи на кандидати за членови на совет на општините во Струмица, Босилово, Богданци и Ново Село.

Во Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК собирањето на потписи ќе трае заклучно до денеска, 30 август до полноќ.

Прочитај повеќе

Регион

Вчера попладне казнети 73 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената

Media Press

Published

на

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 13.00 до 19.00 часот Секторот за внатрешни работи Струмица презеде засилени мерки над учесниците во сообраќајот, при што биле констатирани 73 прекршоци сторени од возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Од нив 1 возач управувал моторно возило со брзина над 50 км/ч повеќе од дозволеното, а 14 возачи управувале возила со брзина помеѓу 30 и 50 км/ч повеќе од дозволеното.

За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.

Прочитај повеќе