Connect with us

Радовиш

За спроведување на пописот во Општина Радовиш потребни се 66 попишувачи и 7 реонски инструктори

Media Press

Published

на

Општина Радовиш ги повикува сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република  Македонија.

За спроведување на пописот на подрачјето на Општина Радовиш потребни се 66 попишувачи и 7 реонски инструктори.

„Придонесот на секој еден од нас во пописните активности претставува придобивка за сите. И како директни учесници во спроведувањето на Пописот и како даватели на податоци – придонесуваме за креирање на една прецизна слика на состојбите во државата во точно определен момент.

Оваа прецизна слика ќе овозможи донесување на издржани политики, базирани на најнови податоци, со кои ќе се планира развојот на секое поле од живеењето и работењето“ стои во известувањето од Општина Радовиш.

Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати.

Апликацијата за електронско пријавување: https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx

Радовиш

Во рамките на Карамановата летна сцена во Паркот на младите во Радовиш се одржа концерт “НОСТАЛГИЈА”

Media Press

Published

на

Во рамките на Карамановата летна сцена синоќа во паркот на младите во Радовиш се одржа концерт на Викторија Коцева и Тоше Поп Лазаров, млади надежни музичари од Радовиш. Настанот беше насловен „Носталгија“ и самиот предизвика вистинска носталгија кај радовишани, како кон музиката така и кон самиот Парк на млади.

Во Паркот на младите во Радовиш со години се нема одржано никаков настан и освен положување на цвеќе на спомен обележјата не се случуваше речиси ништо и затоа беше малку подзаборавен од радовишани.  Синоќашниот настан во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“ предизвика вистинско освежување, но и носталгија за едни дамнешни времиња.

Настанот се одржа според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести, велат организаторите.

Прочитај повеќе

Радовиш

Гулабите се дел од неговиот живот и со нив се дружи откако знае за себе

Media Press

Published

на

Гулабите се дел од неговиот живот.  Со нив се дружи откако знае за себе и едноставно не може да замисли каков би му бил животот  доколку  не е така. Радовишанецот Иле Чанчалов е само еден  од оние пасионирани љубители на овие птици кои без условно голем дел од времето го посветуваат на нив.

Иле вели дека едноставно ужива во држењето со гулабите, ги чува од љубов и затоа знае да каже дека гулабари има многу, а одгледувачи малку.  Моментално има околу 80 гулаби на кои дневно им посветува по неколку часа.

Љубовта кон нив е поголема од трудот што се вложува. За се да биде во ред треба и време, труд,  но и пари , но вели Иле,  кога ќе седнете покрај нив едноставно заборавате на се. Гулабарствово не е само хоби, туку и еден вид спорт.

Прочитај повеќе

Радовиш

Анкета: Дали радовишани ќе прават ајвар годинава?

Media Press

Published

на

Сезона на правење ајвар. Традицијата продолжува иако пиперките  оваа година имаат „солени“ цени. Сепак математиката покажува дека домашниот ајвар останува поисплатлив од купечкиот. Една тегла направена дома чини од 70 до 80 денари, а купена во продавница од 130  до 250 денари.  Во оваа пресметка не се зема предвид маката односно трудот, бидејќи во неговата подготовка се вклучува целото семејство. Ајварот во Радовиш се смета за посебен специјалитет и се прави на традиционален начин.

Сепак, традицијата на правење ајвар полека се напушта. Се помалку домаќинки се нафаќаат на мачната процедура – печење, лупење, мелење, пржење на пиперките. Најголем дел од семејствата  веќе не прават ајвар бидејќи децата не им се овде и се иселени во странство.

Помладите ќе направат, да ја запазат традицијата, но во помали количини. Рецептот е добро познат: пиперки, модри патлиџани, масло и сол.

Пиперките „ајварки“  секоја година  со  повисоки цени. Во моментов се продаваат од 25 до до 40 денари.  Земјоделците признаваат дека пиперките се со повисоки цени, но се правдаат дека годинава родот бил помал.

Пресметките покажуваат дека една тегла годинава ќе чини од 70 до 80 денари. До оваа сума се доаѓа кога се ќе собере.

Ако килограм пиперки чини во просек по 25 денари, а дозата е 50 килограми; само за главната состојка се потребни 1.250 денари. На оваа количина пиперки се потребни околу 20 модри патлиџани кои би чинеле 200 денари. За зејтин треба да се одвојат околу 400 денари колку што чинат 4 до 5 литри. Оттука вкупните трошоци достигнуваат околу 1.800 денари. Од 50 килограми пиперки во просек се добиваат околу 25 тегли ајвар, што значи дека една тегла ќе ве чини над 70 денари.

Прочитај повеќе