Connect with us

Свет

И покрај зголемениот број на заразени од коронавирусот Грција не размислува да воведе строги мерки

Media Press

Published

на

Грчката Влада не планира да воведе строги ограничувачки мерки и покрај зголемениот број новозаболени од Ковид-19, јавуваат тамошните медиуми. Вчера имаше нови 3.600 лица заразени со коронавирусот за еден ден.

Властите соопштија дека се интензивираат полициските контроли во туристичките места. Тие веќе затвораат објекти кои имаат повеќе гости од дозволениот број и не се во согласност со мерките.

За влез во Грција, задолжителни се два документи, едниот е специјален образец (PLF) со лични податоци, адреса и траење на престојот во земјата, што се пополнува на специјален сајт до еден ден пред патувањето, а вториот е документ е поврзан со Ковид-19 што докажува или вакцинација или негативен ПЦР тест или прележана болест.

Свет

Омикрон брзо се шири предупредува СЗО, досега е потврден во 106 земји

Media Press

Published

на

Светската здравствена организација (СЗО)предупредува за брзото ширење на сојот омикрон низ Европа.

Омикрон досега е потврден во 106 земји, а ризикот од новата варијанта која предизвикува загриженост ширум светот останува многу висока, соопштила СЗО.

Делта сојот и понатаму доминира во светот и се наоѓа во 96 отсто примероци, но најновите докази укажуваат дека омикрон варијанта се шири многу брзо во однос на делта сојот, а се шири дури и во земјите кои имаат висок степен на колективен имунитет, наведува СЗО.

Новата варијанта на коронавирусот била откриена во 38 од 53-те земји-членки на европскиот регион на СЗО, откако беше идентификувана пред помалку од четири недели.

Новиот сој станал доминантен во Данска, Португалија и во Велика Британија.  

Прочитај повеќе

Свет

Во Холандија и Шведска нема повеќе карантин за македонските граѓани кои се вакцинирани

Media Press

Published

на

Холандија и Шведска го укинаа задолжителниот карантин од десет дена за патниците кои се целосно вакцинирани и кои ќе приложат сертификат за вакцина, без разлика дали доаѓаат од групата високо ризични земји каде спаѓа и Македонија, соопшти денеска Министерството за надворешни работи (МНР).

Слични олеснителни мерки наскоро најави и Белгија и тоа почнувајќи од 1 октомври.

Досега, 35 % од популацијата во Македонија примила две дози вакцина или вкупно се вакцинирани 786.979 граѓани.

Прочитај повеќе

Свет

Влез во Швјцарија само со сертификат за примена вакцина, во Австрија може и со доказ за прележан коронавирус

Media Press

Published

на

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови Ковид-19 правила за патници кои влегуваат во нивните земји, информира Министерството за надворешни работи на Република Македонија. 

За Швајцарија повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Македонија, заради туристички или било каков друг вид престој, но само со потврда/сертификат за примени две дози од вакцина (Повеќе информации за видот на вакцината и условите за влез, може да се пронајде на следниот линк: https://travelcheck.admin.ch/check). Условот за поседување на негативен тест (PCR или Antigen), повеќе не се прифаќа како основ за влез за оваа категорија лица.

Доколку лицето ги исполнува условите за влез во Швајцарија, потребно е до 12 часа пред влезот во Швајцарија, да го пополни формуларот кој се наоѓа на веб страна на Федералната канцеларија за јавно здравје на Швајцарија, или поточно на следниот линк: https://swissplf.admin.ch/formula 

Белгиската Влада воведува карантин за невакцинираните патници кои во Белгија ќе влегуваат од црвените зони меѓу кои е и Северна Македонија. Поради зголемениот број на нови пациенти во болниците во регионот на главниот град и пошироко во Белгија, веќе од утре (петок, 17 септември) ќе се воведат построги правила на карантин за патниците кои пристигнуваат од црвената зона. Оние кои не се целосно вакцинирани (две дози во соодветен временски интервал) или немаат сертификат за прележана болест, по пристигнувањето во Белгија од црвената зона, мора да поминат 10 дневен период на карантин. Карантинот може да се скрати ако резултатот од дополнителниот тест на седмиот ден е негативен.

За влез во Австрија потребен е еден од следните докази: доказ за вакцинација или доказ за прележан коронавирус, што преставува единствен начин да се избегне карантин од 10 дена, кој може да биде прекинат по 5 дена со нов негативен резултат на ПЦР тест.

Малолетниците до дванаесет години, исто така, мора да се изолираат и да се регистрираат при пристигнувањето, освен ако возрасниот што патува со нив не е ослободен од самоизолација; децата над 12 години мора да поседуваат доказ за вакцинација или доказ за прележан ковид-19. За примена вакцина со единечна доза, мора да покажете дека сте ја примиле вакцината пред повеќе од 21 дена, но не повеќе од 360 дена, пред пристигнувањето.

Повеќе информации за рестриктивните мерки за сите држави се објавени на веб страната на МНР, поконкретно на следниот линк –https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19

Прочитај повеќе