Connect with us

Регион

Објавени се броевите на кои граѓаните од Југоистокот можат да закажат вакцинација во домашни услови

Media Press

Published

на

Од денеска започнува закажување вакцинација во домашни услови. Граѓаните кои од здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт да се вакцинираат ќе можат тоа да го сторат во домашни услови.

Закажувањето е преку јавување во здравствените домови или член од семејството, роднина, пријател, познаник може да им закаже домашна посета за вакцинирање со директно пријавување на пунктовите за вакцинација.

Министерството за здравство ги објави броевите на здравствените домови на кои може да се закаже вакцинацијата со домашна посета. Граѓаните од  Југоистокот за домашно вакцинирање можат да закажат на следните броеви:

Здравствен дом Радовиш – 070 357 770,078 319 452 закажување од 13 до 14:30 часот;

Здравствен Дом Валандово – 078 453 381 закажување од 11 до 13 часот;

Здравствен дом Струмица – 034 321-380 закажување од 09 до 13 часот;

Здравствен дом Гевгелија – 075 276 974 закажување од 10 до 12 часот;

Регион

Кампања на СВР Струмица: „Не користи петарди и пиротехнички средства“

Media Press

Published

на

Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица преку реализирање на повеќе активности ја спроведе кампањата „Не користи петарди и пиротехнички средства“, промовирана од страна на Министерството за внатрешни работи.


Од страна на полициски службеници се спроведени едукативни предавања со ученици од осмо и деветто одделение во сите основни училишта на подрачјата на општините Струмица, Василево, Ново Село и Босилово, сѐ со цел подигање на свеста кај младата популација за можната опасност и последиците од употребата на петарди и други пиротехнички средства, која е посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници, информираат од СВР Струмица.
Покрај ова, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица, односно во Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово се поделени 700 флаери со пораки за превенирање на ризиците од користење на пиротехнички средства, а воедно се наведени и казнените одредби за употреба на петарди и други пиротехнички средства.
Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до сите граѓани, а пред сѐ до младата популација да не употребуваат петарди и пиротехнички средства, да го заштитат својот живот и животот на останатите, а доколку се констатираат такви случаи истите ќе бидат соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Регион

Преземени мерки на СВР Струмица за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол

Media Press

Published

на

На 26.12.2021 во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица биле преземени мерки за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, кај тројца возачи (2 во Гевгелија и 1 во Радовиш) било утврдено присуство на алкохол и на истите им биле изречени соодветни санкции.

Прочитај повеќе

Регион

Делницата Три чешми – обиколница Штип е пуштена за сообраќај за сите возила под времен режим

Media Press

Published

на

Градежните работи на последната делница од Три чешми до обиколница Штип се завршени, со што се комплетира изградбата на експресниот пат од  Штип до Радовиш.  Од вчера делницата Три чешми – обиколница Штип е пуштена за сообраќај за сите возила под времен режим.

Вкупната должина на овој патен правец изнесува 40 километри и се грaдеше во две фази и тоа првата фаза од Штип до Бучим која е во должина од 23,5 километри и вредност од 48 милиони евра, додека втората фаза, делницата Три Чешми до Штип – Југ и од Бучим до Радовиш е со должина од 17 километри и инвестиција од 14,9 милион евра. 

“Веќе најавив дека завршувањето на овој експресен пат се случува четири месеци пред рокот. Драго ми е што и во текот на овој месец декември се уште гледаме механизација на терен, се уште се асфалтира а тоа значи дека и капиталните инвестиции во државата растат. И вториот аспект што сакам да нагласам е дека се реконструира и асфалтира и помошниот пат на излезот од Штип за да го вратиме во првобитната состојба. На барање на жителите на Три чешми,  одговоривме позитивно и заедно со тимот инжењери од ЈП за државни патишта, од Министерството и од Изведувачот и Надзорот веќе го градиме ислучувањето, така да имаме едно модерен и безбеден патен правец”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Прочитај повеќе