Connect with us

Радовиш

Обновен е коловозот кај с.Покрајчево од мостот на Радовишка река кон регионалниот пат

Media Press

Published

на

Обновен е коловозот кај с.Покрајчево од мостот на Радовишка река кон регионалниот пат, информира Општина Радовиш.

„Коловозот кој беше оштетуван во поплавите 2008, 2013 и 2015 година е од големо значење за жителите на селото и граѓаните кои гравитираат во овој крај. Решивме уште еден проблем кој беше заборавен со години“, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

Воедно во овој период се врши и тековно  санираање на ударните дупки на патот Радовиш-Али Коч-Коџалија.

Радовиш

Потпишан кодекс на фер и демократски избори од кандидатите за градоначалници на Општина Радовиш

Media Press

Published

на

На денешниот настан организиран од Општинската изборна комисија на Радовиш, кандидатите за градоначалници на Општина Радовиш потпишаа Кодекс на фер и демократски избори.

Кодексот за фер и демократски избори го потпишаа тројца кандидати за градоначалник, Ацо Ристов кандидат од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Коле Чаракчиев-кандидат од СДСМ и коалицијата, и Герасим Конзулов-кандидат од коалицијата ДОМ и ЛДП кои воедно си посакаа мирни и успешни избори.

Независниот кандидат за градоначалник, Горан Поцев не го потпиша овој Кодекс и истакна „Денес не го потпишав Кодексот за фер и демократски избори, бидејќи не сакам да бидам дел од оваа игра на кандидатите за градоначалник и политичките партии која трае веќе 30 години. Имено потпишуваат нешто до кое не се придржуваат.

Прочитај повеќе

Радовиш

Заштитни маски донација од збратимени општини од Турција за јавните и образовни институции во Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Околу 50 илјади заштитни маски донација од збратимени Општини од Турција за јавните и образовни институции во Општина Радовиш. Денеска тие беа доставени до институциите и до училиштата, од страна на советникот Енис Омер кој изрази благодарност до градоначалниците на збратимените турски општини Чнарџик и Ергене за оваа донација со цел поголема заштита од корона вирусот кој повторно зема замав.

Заштитни маски беа донирани на Општина Радовиш, на Здравствениот Дом во Радовиш, на Основниот суд, на Полициска станица и на детската градинка Ацо Караманов во Радовиш, на СОУ Коста Сусинов и на сите основни и подрачни училишта во Општина Радовиш.

Директорката на ООУ Крсте Петков Мисирков Лујза Спасова, изрази благодарност за ваквата донација,  која ќе биде добредојдена на стартот на учебната година. Благодарност до збратимените Општини за донацијата изрази и градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.

Прочитај повеќе

Радовиш

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Струмица, во близина на клучка за село Воиславци

Media Press

Published

на

Вчера околу 21.20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица, во близина на клучка за с.Воиславци, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „волво“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.В.(72) од Струмица и трактор ,,ИМТ 533“, без регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(54) од с.Сулдурци.

Во незгодата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Прочитај повеќе