Гевгелија
Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Published
1 година agoна
By
Media Press
Од страна на полициски службеници од ОВР
Гевгелија лишен од слобода е Ј.Н.(44) од Гевгелија, поради
постоење основи на сомнение за поседување и препродажба
на дрога според член 215 од Кривичниот законик.
Имено, по претходно обезбедена судска наредба,
извршен бил претрес на дом и помошни простории каде живее Ј.Н. во Гевгелија,
при што биле пронајдени и одземени листови од канабис сатива во фаза на сушење,
машинка за дробење, 7 пакувања хероин, два боеви куршуми од 7,9мм калибар и
засадени растенија канабис сатива.
Ј.Н. е приведен во полициска станица и во
координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен
поднесок.
Поврзани содржини
Во Гевгелија, одбележана 75-годишнината на ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА
Оштетените граѓани од гевгелиско можат да достават барање за утврдување на штетите од вчерашното невреме
Уште 34 граѓани можат да добијат субвенции од Општина Гевгелија за набавка на велосипед, продолжен Јавниот повик
ФЛОРИТ -Гевгелија од утре стартува со реализација на проктот за иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор
Во Гевгелија, се одржува 10 Меѓународен натпревар за млади пијанисти
Кривична пријава против мигрант за повреди на друго лице мигрант кое подоцна починало
Гевгелија
На ГП Богородица за излез од државата се чека околу 40 минути

Published
6 дена agoна
август 1, 2022By
Media Press
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, а на ГП Богородица за излез се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Според проценките на пограничните служби на ГП Богородица, вчера биле остварени околу 40 000 преминувања на границата. Најбројни меѓу патниците биле македонските и државјаните од Србија. Од ГП Богородица велат зголемениот број на патници бил очекуван и затоа се отворени седум коловозни ленти и ангажирани максимален број на службеници.

Гевгелија
Едукативна акција „Вози одморен“ на ОСБСП- Гевгелија за спречување на сообраќајни незгоди

Published
6 дена agoна
август 1, 2022By
Media Press
Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата при Општина Гевгелија, во рамките на кампањата „Вози одморен“, реализираше теренска акција на граничните премини „Богородица“ и „Дојрани“.
Во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патиштата и МВР, на возачите им беа поделени едукативни флаери со наведени мерки кои би ги спречиле сообраќајните незгоди. Поради тоа што заморот е една од главните причини за сообраќајни незгоди, особено во летниот период, исто така, на возачите им беа поделени и ваучери со кафе, бели маици, заштитни капи и ладна вода за справување со летните горештини.
„Бидете наспани кога тргнувате на пат! Вашиот живот и животот на вашите најблиски се во ваши раце!“- апелира Општинскиот совет за безбедност во сообраќакот на патиштата при Општина Гевгелија, потсетувајќи ги возачите на одговорно и примерно однесување во сoобраќајот, почитување на правилата и прописите.
Гевгелија
Во Гевгелија, одбележана 75-годишнината на ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

Published
3 недели agoна
јули 15, 2022By
Media Press
Со читање поезија под отвореното гевгелиско небо, беше одбележана 75-годишнината од формирањето на Друштвото на писатели на Македонија, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, а во рамки на културната манифестација „Гевгелиско културно лето“. Пред присутните, се обрати директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, Стефан Марковски, кој зборуваше за предизвиците со кои се соочува Друштвото, значењето на литературното творештво во современи услови и борбата за освојување нова читателска публика.

Од Друштвото на писатели на Македонија по повод прославувањето на јубилејот, свое обраќање имаа Марина Мијаковска, секретар за надворешни активности на ДПМ; Мито Спасевски, претседател на Издавачкиот совет на ДПМ и Александар Прокопиев“ кои се осврнаа на почетоците и историјатот, но и на актуелните состојби со кои се соочува Друштвото.
На платото пред Градската библиотека, стихови од своето творештво читаа: Снежана Стојчевска, Диме Ратајкоски, Југослав Петровски, Гордана Јовиќ Стојковска, Александар Прокопиев, Миле Јованоски Поречанец, Горан Анчевски, Саво Костадиновски, Лилјана Стоилковска, Љупчо Силјановски, Ленче Милошевска и Мито Спасевски. Настанот беше збогатен со настапот на Теодора Гошева, со изведба на музички нумери.

КЗБ:Нема нови рестриктивни мерки, да се почитуваат мерките кои се на сила

Приведени неколку лица во Полициска станица Радовиш, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка

УЈП со најнова информација за корисниците на апликацијата МОЈ ДДВ

,,РАДОВИШАНКИ ЕТНО,, најдобри во автентичен фолклор на Меѓународниот фолклорен фестивал ,,ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ,,-Битола 2022
