Connect with us

Струмица

Неколку струмичани станале жртви на лажни профили на фејсбук, откако претходно прифатиле да комуницираат со непознати лица

Media Press

Published

на

     

Прво ги намамиле на видео комуникација преку  фејсбук, а потоа ги уценувале со експлицитната содржина од видео материјалите.  Во Секторот за внатрешни работи Струмица, Отсек за компјутерски криминал во последниот период евидентирани се пријави на кривични дела „Уцена“ или „Злоупотреба на лични податоци“ сторени преку креирање на лажни профили на социјалната мрежа Фејсбук

Неколку струмичани станале жртви на лажни профили откако претходно прифатиле да комуницираат со непознати лица кои се претставувале дека се девојки од Македонија на возраст од  25 до 30 години.
        Имено, лицата преку овие лажни профили, во разговор со оштетените лица барале од нив да воспостават видео комуникација, а потоа без нивно знаење и согласност изготвувале фото и видео материјал со експлицитна содржина од комуникацијата со оштетениот, кој во понатамошна постапка им служел за уцена.
        Уцената ја вршеле на начин што од страна на лажните профили се барала уплата на пари со цел предметните фотографии и видео содржини да не завршат кај фамилијата на оштетените или нивните најблиски.
        Отсекот за компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Струмица постапува по сите поднесени пријави. Сметките на кои требало да се уплатат паричните средства стекнати со уцената најчесто се од Брегот на Слоновата Коска. Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе достави барање до социјалната мрежа Facebook да ги утврди IP адресите од кои се регистрирани лажните профили, а побарана е и меѓународна правна помош.
        Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до граѓаните да не наседнуваат на уцени од ваков тип и да не споделуваат нивни фотографии или видео содржини со трети лица, со цел спречување на понатамошна злоупотреба на истите.    

Струмица

СВР Струмица презема мерки за пронаоѓање на 26- годишна жена кој вчера се одалечила од својот дом

Media Press

Published

на

СВР Струмица презема мерки за пронаоѓање на 26- годишна жена кој вчера се одалечила од својот дом.

Имено вчера околу 19.30 часот во СВР Струмица, лицето А.Ф.(33) од Струмица пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга А.Ф.(26), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Струмица

Во сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди се здобил мотоциклист од Струмичко

Media Press

Published

на

Синоќа околу 23.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат од село Зубово кон село Ново Село, струмичко, А.П.(21) од с.Зубово, управувајќи мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Get EXITed забавата стигнува во Струмица во септември!

Media Press

Published

на

Големиот еднодневен настан „Get EXITed“ , во организација на тимот на ЕГЗИТ Фестивалот и во соработка со градот Струмица, ќе биде одржан во среда, 7 септември со настапи на познати интернационални и регионални музички ѕвезди. Целата листа на изведувачи и местото на одржување ќе бидат објавени наскоро, како и почетокот на продажбата на првиот контингент влезници.

Единствениот концепт на „Get EXITed“ музичкиот настан беше претставен на денешната прес-конференција во Струмица, на која пред бројните насобрани медиуми се обратија градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и претставници на ЕГЗИТ.

„’Get EXITed’ пристигнува на 7 септември во Струмица! Ветуваме многу дружење, добра музика и убави изнанадувања. Ги повикувам сите народи на Балканот да дојдат во Струмица, за заедно да започнеме едно убаво и големо поглавје на нашиот отворен Балкан“ – изјави по овој повод градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов.

„Од самото основање на ЕГЗИТ постои голема врска помеѓу Македонија и нашиот фестивал, која ја одржуваме веќе две децении, а сега е време и ние да свратиме кај вас! Бидејќи врските помеѓу нашите земји се нераскинливи, токму поради историјата и заедничката култура, многу ни е драго што во семејството на ЕГЗИТ-настаните конечно ни се придружува и Македонија, а почетокот на оваа соработка е токму големиот Get EXITed музички настан во септември во Струмица“ – порачаа од тимот на ЕГЗИТ.

„Get EXITed“ како концепт на еднодневен музички настан ќе направи одличен вовед во првото издание на големиот македонски фестивал кој е планиран за следната година. ЕГЗИТ е најголемата организација на музичката индустрија во Југоисточна Европа, која има свои девет фестивали во седум држави. Покрај матичниот фестивал, кој повеќе од 20 години традиционално се одржува во Нови Сад, ЕГЗИТ досега има организирано бројни фестивали и големи концерти, како што се „Но Слип“ фестивалот во Белград, „Си Денс“ и „Ада Дивајн Авејкенинг“ во Црна Гора, „Револушн“ во Романија, „Си Стар“ во Хрватска, „Еховејвс“ во Грузија, „Фестивал 84“ во Босна и Херцеговина, „Санленд“ на плажата Перла во Бугарија, концертите на Роби Вилијамс и Мадона во Белград, „Ред Хот Чили Пеперс“ во Инѓија и многу други.

Мисијата на ЕГЗИТ од самото настанување е поврзување на регионот и промоција на мирот, како и брендирање на дестинации и изградба на нивниот препознатлив имиџ.

Прочитај повеќе