Connect with us

Струмица

„И ѓубрето чини пари“ – победничка сторија на Зоран Ѓоргиев на вториот натпревар за зелена економија

Avatar

Published

на

Телевизиската сторија „И ѓубрето чини пари“ од авторот Зоран Ѓорѓиев победи на вториот повик за новинари и медиуми за истражување и промовирање на најдобри примери од примена на зелена економија или еколошки безбедни рурални деловни практики. Натпреварот се организираше во рамки на проектот „Вмрежување и застапување за зелена економија“ (Networking and advocacy for green economy) финансиран од Европската Унија.

Во победничката сторија, дописникот на телевизија Сител од Струмица, ја обработува успешната приказна за создавање органско ѓубриво од растителен отпад на Цветанчо Ѓоргиев од Ново Село. Овој струмичанец, наместо да го фрла отпадот, го собира и создава компост во својата семејна фирма. Како суровини, Ѓоргиев користи класно цветни растенија, како што се трската и шамакот, со што оневозможува несовесни граѓани да ги палат и дополнително да го загадуваат амбиенталниот воздух. Компостарата работи четири години на околу четири хектари и е единствена во југоисточниот дел на земјава. Годишно, во просек, произведува околу пет илјади метри кубни сертифициран органски компост.

Ѓорѓиев во својата сторија цитира и истражување на здружението „Хорти Еко“, според кое над 53% од земјоделците во нивната работа применуваат добри земјоделски практики. Најголемиот дел, земјоделскиот отпад го заоруваат, и иако малку, сепак има и такви кои компостираат. На тој начин добивале пониски производствени трошоци, но и поквалитетен и поконкурентен производ.

Според регионалниот план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион, количините на биоразградлив отпад се проценуваат на околу 22 илјади тони годишно или 45% од вкупната количина на комунален отпад. Пристигнатите новинарски стории ги оценуваше тричлена комисија, составена од двајца новинари и еден претставник на Мрежата за Рурален Развој на С. Македонија (МРР на СМ). Притоа, комисијата оценуваше методологија на истражување (истражувачкиот концепт, тема, извори, новинарски алатки), потоа стилот на новинарско изразување, релевантноста на темата и придржувањето до новинарските и етичките стандарди (присуство на факти, точност и веродостојност на наводи).
Победничката сторија може да ја погледнете на следниот линк: https://sitel.com.mk/cvetancho-gjorgiev-od-strumica-zarabotuva-preku-prerabotka-na-gjubre

Проектот „Вмрежување и застапување за зелена економија“ трае три години (започна во април 2018 година) иго спроведуваат 7 партнерски организации од Балканот од кои една е од земја членка на ЕУ: Мрежа за рурален развој на СМ, Мрежа за рурален развој во БиХ, Мрежа на организации за рурален развој на Косово, Мрежа за рурален развој на Црна Гора, Мрежа за рурален развој на Србија, Албанската мрежа за рурален развој и Хрватската Мрежа за рурален развој.

Проектот има три специфични цели:
1) Зајакнување на капацитетите на малите, локални граѓански организации во однос на општите принципи на работа, застапување и вмрежување, за да можат да ја остварат својата улога на застапници за земјоделски и рурални реформи, на транспарентен и отчетен начин;
2) Воведување на концептот на зелена економија како единствен меѓусекторски претприемачки модел за рурална диверзификација и одржливост;
3) БМРР и нејзините членови го користат пристапот за развој на политиките засновани на докази и застапување засновано на правата за да ги поттикнат националните процеси на приближување кон заедничката европска земјоделска политика (EU CAP) и промовирање на зелената економија.
Донатор на проектот е Европска Комисија преку Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017. Вкупниот буџет на проектот изнесува 1,071,269.13 евра, од кои 964,069.13 (89.99%) се финансии од Европска Унија.

Струмица

Од 1 јуни поефтино гориво за 4 денари на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“

Avatar

Published

на

Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ ги наградуваат своите верни потрошувачи со попуст за секој литар наточено гориво. Од 1 јуни нафтените деривати наместо досегашните 3 денари ќе се продаваат поефтино по 4 денари помалку за литар од редовните цени утврдени од Регулаторната комисија.

Побарајте Loyalty card на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ и добијте го попустот веднаш на каса за секој литар наточено гориво.

Точете гориво на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ за 4 денари/литар поефтино од редовните цени.

Прочитај повеќе

Струмица

Пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис кај лице од струмичко село

Avatar

Published

на

На 14.05.2024 во 16.30 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од село Добрејци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и една дигитална вага со остатоци од марихуана.


За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.


Прочитај повеќе

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе