Connect with us

Струмица

Откако новиот кружен тек предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, се огласија од Општина Струмица

Media Press

Published

на

Откако се појави снимка на социјалните мрежи од новиот кружен тек снимен од птичја перспектива, на која се гледа дека воопшто не е добро центриран, па автомобилите се приморани да минуваат низ пешаки премин, а тоа не е дозволено, бура од реакции ги преплавија  социјалните мрежи.

Од тие причини  се огласија и од Општина Струмица.

„Заради големиот број на реакции од страна на јавноста, а како транспарентна и отчетна Општина го даваме следното објаснување за потребата за изградба на крстосница со такво сообраќајно решение.

Прво, станува збор за проект кој не е завршен и е во тек на реализација и ова не е неговиот конечен изглед.

Второ, станува збор за асиметричен кружен тек направен врз основа на проект изработен и одобрен од сите стручни лица и сите надлежни институции, меѓу кои СВР Струмица и Советот на општина Струмица.

Трето, потребата таквиот кружен тек да има асиметрична поставеност е воведување на посебни ленти за десно свртување од булеварот „Ленинова“ кон улицата „24-ти Октомври“ и од улицата „24-ти Октомври“ кон излезот на Струмица, а чија потреба за воведување е резултат на претходно направени броења со користење на софтвер за броење на проток на возила кои сообраќаат во најголем број од централното градско подрачје во правец кон улицата „24ти Октомври“ и од неа кон излезот на градот.

Ја замолуваме јавноста за трпение проектот да биде целосно завршен, по што ќе има време да се види неговата функционалност и намена.

Реализацијата на проектот беше на барање на сите граѓани заради појавата на голем број на сообраќајни незгоди и загушувања кои постојат на оваа крстосница, со што и во прв план ја имавме практичноста и функционалност, а не неговата симетрија и изглед“, стои во нивната објава на Фејсбук.

Софија Ристова Патрикова, раководител на Секторот за урбанизам при општина Струмица вели дека станува збор за проект кој не е завршен и е во тек на реализација и ова не е неговиот конечен изглед.

Струмица

Повреден пешак во Струмица од удар на автомобил

Media Press

Published

на

По удар од автомобил на улица во Струмица пешак се здоби со тешки телесни повреди.

Несреќата се случила вчера на улицата Климент Охридски.

„Патничко возило ‘мерцедес’, со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(45) од селото Седларци, Струмичко, удрило во пешакот С.С.(58) од Струмица. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица“, велат од МВР.

Прочитај повеќе

Избори 2021

Костадинов: Целосна реконструкција на Домот на културата во Куклиш

Media Press

Published

на

 Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ и коалицијата Костадин Костадинов најави целосна реконструкција на Домот на културата во Куклиш за да биде мултифункционален простор за сите граѓани.

„Во проектната програма со целосна реконструкција на Домот на културата во Куклиш се предвидени следните содржини: сала за приредби и претстави со сцена и гардероби за изведувачи, библиотека со читална, две простории за културно уметнички друштва, две канцеларии за вработените, клуб на пензионери, канцеларија на Месната заедница, кафетерија, санитарни простории и технички простории.

Планот за реконструкција е јасен ‐ Домот на Културата по реконструкцијата да стане мулти‐функционален простор кој ќе го користат сите жители на Куклиш. Во делот на зоната околу Домот на Културата и објектите кои се во непосредната околина планираме надополнување со ново парковско уредување.
Со овој проект е предвидено уредување на инфраструктурата со пешачки патеки и поставување соодветна, урбана опрема, надополнување на постоечките зелени површини и дополнување со ново холтикултурно уредување“, рече Костадинов.

Прочитај повеќе

Избори 2021

Костадинов пред жителите на Муртино ја побара поддршката за градоначалник на Струмица

Media Press

Published

на

Кнадидатот за градоначалник на Општина Струмица од СДСМ и коалицијата Костадин Костадинов во рамките на своите предизборни активности се обрати пред жителите на Муртино, како што рече, во родното место на претседателот Зоран Заев.

„Јас од овде вечерва ја барам довербата со целата моја младост, елан и желба да ги водам заедно со вас, Муртино и целата општина Струмица напред. Затоа што знам како, со изградба на нова градинка, со реконструкција на центарот на Муртино, со нова спортска сала… Го завршуваме познатото и продолжуваме со нови проекти, за уште поубави и помодерни Муртино и цела Општина“, рече Костадинов.

Прочитај повеќе