Connect with us

Гевгелија

Тим од специјалисти ќе прави скрининг во гевгелиската болница поради зачестените респираторни инфекции кај децата

Media Press

Published

на

Докторките  Аспазија Софијанова, Весна Мицевска и Валентина Јовановска Огненовиќ се дел од тимот специјалисти кои  од денеска доаѓаат во Гевгелија за да им дадат  поддршка на нивните колеги педијатри,  во случајот со зачестените респираторни инфекции кај децата во овој град.

 Тие ќе направат и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфичната дијагностика, бидејќи само за еден месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, кои не се специфични за овој период од годината.

Од болницата информираа дека тие досега ги презеле  сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а кои се карактеристични за есен и зима, потребни се дополнителни анализи. Она што е значајно, на сите деца им се направени ПЦР тестови за ковид -19 и сите биле негативни.

Во мометов,  во болницата во Гевгелија хопситализирани се само две бебиња, поради возраста, а дваесетина  деца се на терапија, но истите не се задржани во болница.

Гевгелија

На ГП Богородица за излез од државата се чека околу 40 минути

Media Press

Published

на

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, а на ГП Богородица за излез се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Според проценките на пограничните служби на ГП Богородица, вчера биле остварени околу 40 000 преминувања на границата. Најбројни меѓу патниците биле македонските и државјаните од Србија. Од ГП Богородица велат  зголемениот број на патници бил очекуван и затоа се отворени седум коловозни ленти и ангажирани максимален број на службеници.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Едукативна акција „Вози одморен“ на ОСБСП- Гевгелија за спречување на сообраќајни незгоди

Media Press

Published

на

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата при Општина Гевгелија, во рамките на кампањата „Вози одморен“, реализираше теренска акција на граничните премини „Богородица“ и „Дојрани“.

Во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патиштата и МВР, на возачите им беа поделени едукативни флаери со наведени мерки кои би ги спречиле сообраќајните незгоди. Поради тоа што заморот е една од главните причини за сообраќајни незгоди, особено во летниот период, исто така, на возачите им беа поделени и ваучери со кафе, бели маици, заштитни капи и ладна вода за справување со летните горештини.

„Бидете наспани кога тргнувате на пат! Вашиот живот и животот на вашите најблиски се во ваши раце!“- апелира Општинскиот совет за безбедност во сообраќакот на патиштата при Општина Гевгелија, потсетувајќи ги возачите на одговорно и примерно однесување во сoобраќајот, почитување на правилата и прописите.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Во Гевгелија, одбележана 75-годишнината на ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

Media Press

Published

на

Со читање поезија под отвореното гевгелиско небо, беше одбележана 75-годишнината од формирањето на Друштвото на писатели на Македонија, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, а во рамки на културната манифестација „Гевгелиско културно лето“. Пред присутните, се обрати директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, Стефан Марковски, кој зборуваше за предизвиците со кои се соочува Друштвото, значењето на литературното творештво во современи услови и борбата за освојување нова читателска публика.

Од Друштвото на писатели на Македонија по повод прославувањето на јубилејот, свое обраќање имаа Марина Мијаковска, секретар за надворешни активности на ДПМ; Мито Спасевски, претседател на Издавачкиот совет на ДПМ и Александар Прокопиев“ кои се осврнаа на почетоците и историјатот, но и на актуелните состојби со кои се соочува Друштвото.

На платото пред Градската библиотека, стихови од своето творештво читаа: Снежана Стојчевска, Диме Ратајкоски, Југослав Петровски, Гордана Јовиќ Стојковска, Александар Прокопиев, Миле Јованоски Поречанец, Горан Анчевски, Саво Костадиновски, Лилјана Стоилковска, Љупчо Силјановски, Ленче Милошевска и Мито Спасевски. Настанот беше збогатен со настапот на Теодора Гошева, со изведба на музички нумери.

Прочитај повеќе