Радовиш
Пуштен во употреба новиот детски парк во Радовиш, во присуство на турскиот амбасадор, координаторот на ТИКА и градоначалникот Конзулов
Објавено на
Од
Media PressАмбасадорот на Република Турција во Македонија, Хасан Мехмет Секизќок и програмски координатор на Турската агенција за соработка и координација-ТИКА, Халим Омер Согут денеска беа во посета на Општина Радовиш и градоначалникот Герасим Конзулов, по повод пуштањето во употреба на новоизградениот детски парк позади Основниот суд во Радовиш.

Тие најпрво остварија средба со градоначалникот Конзулов на која се разговараше за соработката и актуелните проекти кои Општината ги реализира во населените места со доминантно турско население и идните планови за економски развој на руралните подрачја. Свеченото пуштање во употреба на новиот детски парк насловен „Парк на пријателсво – Тошко Кукутанов“ беше исвршено во присуство на повеќе граѓани, поканети гости и дечиња од детската градинка Ацо караманов од Радовиш.

Градоначалникот Конзулов потенцираше дека тековно се работи на два проекти од големо значење и тоа изградба на патниот правец за поврзување на селата Прналија и Сопурѓе и проектот за обезбедување на питка вода за селата Бучим и Тополница со отварање на нови бунари и водовод.

Амбасадорот Секизќок изрази задоволство и благодарност за сите проекти кои имаат за цел да ги подобрат условите за живот како на турската заедницата така и на целокупното население во општината, додавајќи дека Република Турција е спремна да обезбеди поддршка за развојни проекти во областа на земјоделството и руралниот туризам.

Градоначалникот Конзулов упати благодарност за целокупната поддршка која Општината ја добива од пријателскиот народ на Република Турција со надеж дека во блиска иднина ќе се реализираат нови проекти. Пркот беше изграден со донација од ТИКА во вредност од 40 илјади евра. Свечениот настан беше заокружен со настап на дечињата од детската градинка „Ацо Караманов„ во Радовиш, (Управна зграда).

Поврзани содржини
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

