Connect with us

Радовиш

ЈП Плаваја од Радовиш апелира до граѓаните за совесно и контролирано користење на водата за пиење

Avatar

Published

на

ЈП Плаваја од Радовиш апелира до граѓаните за совесно и контролирано користење на водата за пиење во овој период на високи летни температури, кога поради сушниот период и зголемената потрошувачка од вода, капацитетот на бунарите се намалува.

„Почитувани корисници,

Како се вжештува летото, така издашноста на извориштата и бунарите од кои Ве снабдуваме со чиста и здрава вода за пиење се намалува. Сосема спротивно на тоа нашата потреба за вода во овие летни, жешки денови се зголемува. Сакаме најучтиво да апелираме до Вас, водата да ја користите исклучиво за пиење, потребите на Вашите домаќинствата и се разбира за одржување на личната хигиена.

Со секоја друга употреба на водата за пиење (разладување на дворови, полевање на тревници, наводнување на земјоделски површини и слично) нанесувате штета на самите себе, на целиот водоснабдителен систем и не доведувате во состојба и таа количина на вода што ја имаме сеуште на располагање да не можеме да ја транспортираме до Вашите роднини и пријатели кои живеат на високите зони, на кои исто како и на Вас им треба вода, а замислете со таквите Ваши постапки тие ќе немаат ниту за пиење.

Затоа размислете малку пред да го вклучите цревото во чешмата!

Исто така апелираме да бидете храбри и да ги пријавите сите кои неовластено користат вода или народски кажано крадат вода. Тие таквите што и во 21 век сеуште постојат, се најголеми душмани на Вас и Вашите најблиски, Ви го крадат најпотребното нешто – ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ!“ стои во апелот од ЈП Плаваја.

Одтаму додаваат дека ќе продолжат со зголемените контроли, бидејќи сега е полесно да ги лоцират местата на кои се троши голема количина на вода, откако го надградија системот со мерно регулациона опрема.

“Се надеваме дека овој искрен апел ќе допре до Вас и ќе ја разбуди човечноста и пред се почитта кон другите. Сите сакаме вода, на сите ни е топло, сите имаме разни потреби, но количините на вода во лето се на граница на минимумот, затоа штедете ја водата и користете ја со разум“, се додава во апелот до граѓаните од Јп Плаваја, Радовиш.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе