Connect with us

Радовиш

ЈЗУ Здравствен дом Радовиш започна со теренската вакцинација, предвидени се термини за секое населено место

Media Press

Published

на

Започнувајќи од вчера жителите на Радовиш можат слободно да дојдат во вакциналните пунктови во ЈЗУ Здравствен Дом Радовиш и да примат вакцина против Ковид-19, во периодот од 07:30-14:30 часот, за сите граѓани над 18 годишна возраст без претходна најава на сајтот на vakcinacija.mk, соопштуваат од ЈЗУ Здравствен дом Радовиш.

Истовремено Здравствениот дом од Радовиш започна со теренска вакцинација по населените места во општините Радовиш и Конче, со цел  полесно да допрат до што поголем број на граѓани.

Во текот на вчерашниот ден се спроведе теренска вакцинација  во Општина Конче во селата Конче,  Габревци, Ракитец, Долни Липовиќ и Горни Липовиќ. Денеска 07 јули се вакцинираат жителите на село  Бучим. 

Од Утре  08 јули продолжува теренската вакцинација согласно предвидениот распоред:

 Село АЛИКОЧ-08.07.2021 година.

Село КОЏАЛИЈА-08.07.2021 година.

Село СУПУРГЕ -08.07.2021 година.

Село ПРНАЛИЈА- 08.07.2021 година.

Село ВОИСЛАВЦИ-09.07.2021 година.

Село СУЛДУРЦИ- 09.07.2021 година.

Село КАЛУГЕРИЦА-09.07.2021 година.

Село ЗЛЕОВО- 09.07.2021 година.

Село ПОКРАЈЧЕВО-09.07.2021 година.

Село ЈАРГУЛИЦА-09.07.2021 година.

Село РАКЛИШ-12.07.2021 година.

Село КАЛУЗЛИЈА -12.07.2021 година.

Село ПОДАРЕШ- 12.07.2021 година.

Село ОРАОВИЦА-12.07.2021 година.

Село ДЕДИНО-13.07.2021 година.

Село ИЊЕВО- 13.07.2021 година .

Сите горенаведените населени места вакцинацијата ќе започне од 08:30-13:30 часот.

Радовиш

Општина Радовиш со апел за заштита од пожари во овој период на високи температури

Media Press

Published

на

„Влегуваме во период на високи температури кои ќе се одвиваат на целата територија на Републиката. Според долгорочната временска прогноза за подрачјето на општина Радовиш се очекуваат високи дневни температури и слаби изгледи за врнежи од дожд.

Вегетацијата која е во фаза на сушење преставува потенцијална опасност од појава на пожари на отворени површини но и во урбаните средини.

Затоа е неопходно да ги превземеме сите неопходни мерки за заштитата на животната средина, намалување на материјалните и други штети го препорачуваме следното:

-без потреба да не се пали оган на отворен простор, посебно во ридско-планинските подрачја;

-во случај на палење на оган да се преземат сите мерки за контрола над огнот и негово гасење;

-внимателно да се ракува и употребуваат запаливи и лесно запаливи средства;“ стои во апелот до граѓаните од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Објавен Јавен повик за членство во Локалниот младински совет на Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Локалното Собрание на млади на Општина Радовиш распишува Јавен повик за членство во Локалниот младински совет на Општина Радовиш. Јавниот повик се објавува на веб-страницата на Општина Радовиш, во локалните медиуми, на социјалните мрежи и на други јавни места.

Јавниот повик е упатен до формите на организирање и здружување кои ги предвидува Законот за младинско учество и младински политики, а тоа се: младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои не мора да бидат регистрирани во општината, но мора да имаат активности на територијата на Општина Радовиш.

Младинските организации заинтересирани да аплицираат треба да ги достават и следните документи:

1. Портфолио на организацијата/групата/здружението

2. Годишна програма за работа на организацијата/групата/здружението

3. Извештај за работата на младинската организација / здружението за изминатата година или друг документ во кои се наведени реализирани активности со млади, младински политики и иницијативи на подрачјето на Општина Радовиш,

4. Писмо со номинација за член/членови на локалниот младински совет и контакт информации за истите

5. Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.

Сите заинтересирани младински организации кои ги исполнуваат условите наведени во овој Повик, можат да поднесат Пријава за номинација на свои претставници со потребната документација, секој работен ден од 07:30-15:30 часот до крајниот рок за поднесување на пријави во архивата на Општина Радовиш на адреса Бул. „Александар Македонски“ бр. 7.

Писмената документацијата се поднесува во затворен плик означен со ознака: „За јавен повик за член на „Локален младински совет“.

Јавниот повик трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Радовиш, односно од 27.07.2021 година до 06.08.2021 година (краен рок). Дополнителни информации може да се добијат на тел. 078 248 110, hadjivasilev@radovis.gov.mk, лице за контакт Душан Хаџи-Василев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Промовирана книгата “Радовишки маабети”, чувар на радовишката традиција

Media Press

Published

на

Промовирана книгата “Радовишки маабети” од авторот Павлина Кошевец од Радовиш, книга хроника на . Промоцијата беше извршена синоќа  на летната сцена на Центар за култура во присуство на голем број поканети гости.

На промоцијата и претходеше драмски приказ како извадок од книгата, ,, КАЈ КОНДУРЏИЈАТА КОСТАЌЕ” – во изведба на аматерска драмска група при Центар за култура ,, Ацо Караманов” под менторство на Томе Постолов.

Промотор на книгата беше Гордана Здравковска која во исто време е рецензент на истата.

„Книгата е напишана на радовишки говор, поделена е на два дела.
Драмски пиеси 12 на број и речник на зборови од радовишкиот говор.
Книгата е пишувана со цел да се сочува радовишкиот говор од заборав, истовремено на идните генерации да им се предаде автентично и оргинално радовишкиот говор. А истовремено книгата добива и друга димензија- хроника на едно време- чувар на радовишката традиција, а Павлина Кошевец прку оваа книга хроничар на нашиот град“, рече Здравковска во совјот говор.

Со книгата “Радовишки маабети”, радовишкиот говор добива книжевен запис кој го одделува од останатите дијалекти на македонскиот литературен јазик.

 Професорката и автор на книгата „Радовишки маабети“ се заблагодари на присутните што ја удостоија, но и на сите оние кои финансиски ја подржаа книгата, на Општина Радовиш и на советот на општината, на рудникот Бучим, на Центарот за култура Ацо Караманов кој е издавач на публикацијата, на драмската група и на менторот Томе Постолов и на промоторката Гордана Здравковска.

Кошевец најави дека ќе излезе и нова книга во која ќе бидат запишани сите детски игри кои се играле некогаш а денес се заменети со компјутер.

Во продолжение на програмата со свој музички настап се претставија „Распеани Радовишани“. Организатор на настанот беше центарот за култура „Ацо Караманов“ и директорката Изабела Ангелова, како дел од Карамановата летна сцена.

Прочитај повеќе