Connect with us

Радовиш

Доделени дипломи и плакети на истакнати ученици, прогласен Првенец на генерација во ОУ Крсте Петков Мисирков во Радовиш

Media Press

Published

на

ООУ “Крсте Петков Мисирков” од Радовиш, организираше свечена церемонија на која беа доделени дипломи и плакети на истакнати ученици од деветто одделение и беше прогласен Првенец на генерација.  

Поради континуиран одличен успех, примерно поведение, награди од општински, регионални, државни и меѓународни натпревари и учество во воннаставни активности, посебен белег на училишните страници посветени на истакнати ученици оставија повеќе имиња, истакна директорката на училиштето Лујза Спасова. Добрилка Ѓоргиева беше прогласена за Првенец на генерацијата.

Значајни резултати и континуиран одличен успех постигнаа и учениците: Гонце Ефтимова, Мартина Газепова, Пенка Трајкова, Мери Васева, Верче Постолова, Марија Србакова, Елена Јованова, Емрах Арифов, Џејда Алиова, Мумин Алиев и Неџла Јашарова.

Овие ученици, со сигурност се достоен пример за генерациите што допрва доаѓаат, рече директорката Спасова која од името на наставничкиот колегиум на сите наградени ученици им посака многу успех во нивното понатамошно образование, а воедно и пријатен летен распуст.

Радовиш

Откриена група крадци од Радовиш кои извршиле девет кривични дела

Media Press

Published

на

 Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против три полнолетни лица од Радовиш и едно известување за две малолетни лица од Штип, кои престојувале во Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека во текот на месеците мај, јуни и јули 2021 година, извршиле девет кривични дела на подрачјата на Радовиш.


Петте лица се сомничат дека сториле шест кривични дела „тешка кражба “ и 3 кривични дела „тешка кражба во обид“ во објекти сопственост на  физички и правни лица, лоцирани во  Радовиш и на планината Плачковица.
Со сторените дела осомничените се стекнале со противправна имотна корист од околу 301.550 денари.

Прочитај повеќе

Радовиш

Чаракчиев: И покрај пандемијата со Ковид – 19, Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството

Media Press

Published

на

И покрај пандемијата со Ковид – 19 Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството,  рече пратеникот  и претстедател на  ОО на СДСМ  од Радовиш Коле Чаракчиев, на денешната прес конференција. Тој спомна дел од мерките кои ги реалзира владата во

„Владата инвестираше како во човечки капитал така и во ресурси , инфраструктура и опрема, Специјализации заклучно со 2022 година ке добијат некаде околу 930 лица, во исто време е зголемена капитацијата на матичните лекари“, рече меѓудругото Чаракчиев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во предизвикан пожар делумно изгореле викенд куќа и помошен објект во близина на река Сушица во Радовиш

Media Press

Published

на

Вчера околу 20.00 часот во Полициската станица Радовиш, Б.К.(36) од Радовиш пријавил дека настанал пожар во викенд куќа, сопственост на В.Б. лоцирана во близина на река Сушица, атар на Радовиш, во кој делумно изгореле викенд куќата и помошен објект.

По интервенција на екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Прочитај повеќе