Вакцинацијата на вакциналниот пункт при Здравствениот дом во Радовиш се одвива без проблеми. Граѓаните кои се пријавиле за вакцинација се вакцинираат согласно добиениот термин со вакцината Синовак. Младите волонтери од црвениот крст од Радовиш помага во пополнување на изјавата за согласност на лицата кои треба да се вакцинираат, и се тече без никакви проблеми. Д-р Олгица Велкова која работи во вакциналниот пункт при Здравствениот дом во Радовиш со препораки, што треба а што нетреба да се прави после примената вакцина.
Да се избегнува излегување на сонце, десетина дена да се ибегнува пиење алкохол, да не се работат тешки физички работи, посебно градежните работници да се поштедат или да работат под сенка, храна богата со витамини и протеини и добар сон, се препорачува во деновите додека да се створи имунитетот од вакцината.
Инаку во Радовиш се добини 700 дози од вакцината Синовак. Лицата кои треба да се вакцинираат со себе треба да понесат само документ за идентификација. На прашањето зошто избрале да се вакцинираат, граѓаните најчесто одговараат, поради заштита и страв за да не се разболат, но како честа причина ја наведуваат и поради патување во странство.
Состојбата со корона вирусот во Македонија засега
е стабилна. Дневно има по десетина нови случаи.
Задоволува епидемиолошката состојба и во поголемиот дел од Еврепа, иако
бројот на нови случи постепено почнува да расте.
Индискиот или делта вид коронавирус, кој е
многу позаразен од кој било познат досега, му се заканува на светот.
Велика Британија, која имаше околу 3.000 новоинфицирани лица на
ден во почетокот на јуни, сега има скоро 15.000. Скоро сите нови пациенти се
заразени со индискиот вид на вирус.
Затоа земјите од ЕУ размислуваат да воведат ограничувања за британските туристи. Германската канцеларка Ангела Меркел дури предложи забрана за влез на Британците во ЕУ, без оглед дали биле вакцинирани или не. Веќе им забрани влез на португалските граѓани во земјата, каде 70 отсто од новите случаи имаат индиски вид на корона. Експертите велат дека вакцинацијата е единствениот начин на заштита од новата варијанта на вирусот.