„Обраќањето на спикерот Талат Џафери на албански јазик, пред Комитетот за надворешни работи во Брисел, е спротивно на амандманот 5, став 1 од Уставот на Република Македонија – кој што предвидува дека на целата територија на Републиката и во нејзините меѓународни односи, единствен службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“ реагира политичката партија Левица до јавноста.
„Со ова, Џафери не само што направи дипломатски скандал, не само што е спротивно и на членот 2 од Законот за употреба на македонски јазик – туку тој направи и КРИВИЧНО ДЕЛО. Тоа се кривични дела против честа и угледот, односно повреда на угледот на Република Македонија и излагање на подбив на македонскиот народ со намера за исмејување. Ако ја ставиме во корелација со онаа изјава на португалската министерка за Европа, тоа е еден координиран обид за ставање во подредена позиција на македонскиот јазик, како единствен јазик за службена комуникација во дипломатски и надворешни односи“, стои во реакцијата од Левица.
Прес-конференција на претседателот Димитар Апасиев по повод континуираните напади врз македонскиот јазик од страна на власта и меѓународната заедница на следниот линк: https://www.facebook.com/PartijaLevica/videos/239934404310359