Connect with us

Радовиш

Од денеска почна вакцинацијата со кинеската вакцина „Синовак“ и во Радовиш

Media Press

Published

на

Од денеска почна вакцинацијата со кинеската вакцина „Синовак“, во  вакциналните пунктови низ државата меѓу кои и во Здравствениот дома во Радовиш,  откако истата ги помина сите потребни законски процедури, соопштија од Министерството за здравство.

Како што дознаваме од Здравствениот дом во Радовиш добиени со 700 дози вакцини Синовак и од денеска започнаа да се аплицират на сите пријавени согласно закажаниот термин. Исто така тим од Здравстениот дом во Радовиш врши и вакцинација на терен со вакцината Астра Зенека, на возрасни лица над 60 годишна возраст. Од вчера се посетени Конче и Ракитец, денеска во Подареш, а во наредниот период ќе се продолжи во други населени места.  

Што се оденсува до вакцината Синовак, како што соопштуваат од Министерството, станува збор за класична вакцина каде е инјектиран ослабен вирус односно технологија за добивање вакцини која се користи децении и е многу позната, па оттука и разбирливо е што широката популација ја доживува како една од најбезбедните платформи за производство на вакцини. Во однос на возраста на којашто се дава, вакцината „Синовак“ нема ограничување во Кина и се аплицира и кај деца над 3 годишна возраст.

И во Струмица започна вакцинацијата со кинеската Синовак. Пристигнати се 3000 дози од кои околу  600 веќе се аплицирани.  

„Оваа вакцина кај нас ќе се користи над 18 години и без ограничување на возраста кај возрасните лица. Вакцината „Синовак“ се препорачува и за доилки и трудници “, нагласуваат од министерството за здравство.

Вчера вкупно се вакцинирале 12.994 граѓани, а прва доза вакцина вчера примиле 11.220 граѓани.

Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата е 469.212 граѓани.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Откриена група крадци од Радовиш кои извршиле девет кривични дела

Media Press

Published

на

 Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против три полнолетни лица од Радовиш и едно известување за две малолетни лица од Штип, кои престојувале во Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека во текот на месеците мај, јуни и јули 2021 година, извршиле девет кривични дела на подрачјата на Радовиш.


Петте лица се сомничат дека сториле шест кривични дела „тешка кражба “ и 3 кривични дела „тешка кражба во обид“ во објекти сопственост на  физички и правни лица, лоцирани во  Радовиш и на планината Плачковица.
Со сторените дела осомничените се стекнале со противправна имотна корист од околу 301.550 денари.

Прочитај повеќе

Радовиш

Чаракчиев: И покрај пандемијата со Ковид – 19, Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството

Media Press

Published

на

И покрај пандемијата со Ковид – 19 Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството,  рече пратеникот  и претстедател на  ОО на СДСМ  од Радовиш Коле Чаракчиев, на денешната прес конференција. Тој спомна дел од мерките кои ги реалзира владата во

„Владата инвестираше како во човечки капитал така и во ресурси , инфраструктура и опрема, Специјализации заклучно со 2022 година ке добијат некаде околу 930 лица, во исто време е зголемена капитацијата на матичните лекари“, рече меѓудругото Чаракчиев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во предизвикан пожар делумно изгореле викенд куќа и помошен објект во близина на река Сушица во Радовиш

Media Press

Published

на

Вчера околу 20.00 часот во Полициската станица Радовиш, Б.К.(36) од Радовиш пријавил дека настанал пожар во викенд куќа, сопственост на В.Б. лоцирана во близина на река Сушица, атар на Радовиш, во кој делумно изгореле викенд куќата и помошен објект.

По интервенција на екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Прочитај повеќе