Радовиш
Градоначалникот Конзулов го потпиша договорот за изградбата на локалниот пат Прналија- Супурге, Општина Радовиш
Објавено на
Од
Media Press
Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски потпишаа договор за изградбата на локалниот пат Прналија- Супурге, инвестиција вредна 20 милиони денари. Градоначалникот Конзулов во изјава за медиумите рече дека целта е да обезбедат регионален развој и поврзување со изградба на модерна и безбедна патна мрежа.

Тој ја спомна обновата нарегионалниот пат кон планината Плачковица во должина од 19,5 километри, инвестиција од 100 милиони денари.
Локалниот пат Прналија-Супурге како нова инвестиција вредна 20 милиони денари.
Изградбата на експресниот пат од Штип до Радовиш инвестиција вредна околу 28 милиони евра исто така има големо значење за Радовиш.
„Благодарност до Владата која многу ни помогнаа за да можеме да инвестираме во развојот на општината а истовремено да ја реализирам целосно мојата програма“ рече меѓудругото градоначалникот Конзулов.
Поврзани содржини

Поевтини роаминг услуги за земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ, потпишан договор

Потпишани договори за реализација на два витални проекти во Радовиш

Николов: Филипче питачи за вакцини кај стигне, сега е пред врата кај Кинезите, вакцини нема, Филипче оставка веднаш!

Македонија ќе добие 800 000 вакцини Фајзер против Ковид-19
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

