Connect with us

Регион

Медиумските работници од Југоистокот организирани од СЕММ дебатираа за известувањето во услови на Ковид-19

Media Press

Published

на

Во рамките на проектот ,,Поддршка на слободата на изразување во медиумите во С. Македонија’’ што го имплементира  СЕММ со поддршка на делегацијата на ЕУ во земјава, се одржа онлајн средба со медиумските работници од Југоисточниот плански регион кои дебитираа на тема ,,Mедиумско известување за време на Ковид-19 – искуства на СЕММ’’.  На дебатата, меѓу другото, беа презентирани и податоците од анализите на СЕММ  во делот на саморегулацијата, а  свои искуства околу предизвиците за време на пандемијата пренесоа и новинарите.

Извршната директорка на СЕММ –  Марина Тунева подвлече дека нивната анализа покажала дека сензационализмот во информирањето бил регистриран не само во нашето саморегулативно тело, туку и кај другите совети за етика, членки на Алијансата за независни совети за етика во Европа, кои забележале зголемен број претставки  за ова нарушување на етичкиот кодекс. Директорката на СЕММ истакна дека мошне важно е да се внимава и на реакциите на јавноста при објавување на новинарските содржини на социјалните мрежи, а особено на оние кои содржат говор на омраза. Во таа смисла, рече Тунева, улогата на медиумите е особено важна во разобличувањето на говорот на омраза и неговата осуда. Ваквата нејзина констатација дојде откако новинари од овој дел на државата истакнаа дека биле линчувани во коментари при  објавување на релевантни информации поткрепени со изјави на официјални институциии за Ковид-19.

,,Коментарите по социјалните мрежи на објавена информација знаат да бидаат недолични и да предизвикат дискриминаторски однос или, пак, да содржат елементи на говор на омраза. Затоа медиумите, меѓу другото, мора да внимаваат на коментарите кои се пишуваат на  страните на самите медиуми на социјалните мрежи и да се обидат да ги обезличат за да може јавноста да разбере дека станува збор за говор на омраза, но со факти и аргументи. На тој начин ќе се заштити и новинарот, медиумот за кој работи  и ќе укаже на јавноста дека пласираната информација е веродостојна, а некој се обидува да  шири говор на омраза врз основа на паушални и непоткрепени констатации“, истакна Тунева.

Новинарите од Југоисточниот плански регион се итнересираа дали во пандемијата со Ковид-19 се  зголемиле преставките  до Комисијата за жалби во однос на работењето на медиумите. Даниел Димитриески, програмски координатор  од СЕММ, подвлече дека бројката постојано расте. Во 2020 тата бројот на претставки бил зголемен за 50 проценти во однос на 2019. Тој тренд продолжува и во првите месеци  на 2021.

,,Најголемиот број претставки доаѓаат од граѓани и граѓански организации поврзани со паушално инфомирање за ковид кризата и тоа најмногу за сензационалистички наслови. Лани до Комисијата стасале 140 претставки од кои 109 биле решени, 18 биле неосновани, а 13 се решиле со медијација, односно помирување помеѓу страните. Очекуваме и оваа година голем број на претставки. Досега, во 2021 година, до канцеларијата на СЕММ стасале  93 жалби што е за 30 отсто повеќе од лани, за истиот период“, кажа Димитриески.

Серијалот средби за медиумско известување во услови на Ковид 19 ќе продолжи и во останатите плански региони во земјава.

Регион

Во Радовиш нови 17 лица позитивни на Ковид, во Струмица 26 лица

Media Press

Published

на

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.866 тестови, а регистрирани се нови 884 случаи со Ковид-19, 745 оздравени пациенти. Бројот на активни се искачи на 5.026 случаи.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 190 реинфекции.

Од 884 новозаболени, педесетина се од југоистокот, во Струмица – 26, Радовиш – 17, Гевгелија – 11, Валандово – 4, Богданци, и Дојран – по 2.

Досега во земјата направени се вкупно 2.114.405 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 326.154, бројот на оздравени пациенти е 311.760, на починати е 9.368. 

Прочитај повеќе

Регион

Расте бројот на Ковид- позитивни и во Радовиш, 13 нови случаи во денешната евиденција, во Струмица 47

Media Press

Published

на

Бројот на позитивни лица со корона вирус во земјава забрзано расте. Во последните 24 часа според податови=ците од Министерството за здравство  направени се 1.828 теста, а регистрирани 897 нови случаи од кои 75 во југоистокот: Струмица – 47,  Радовиш – 13,  Гевгелија 8, Валандово 6, Богданци – 1.

Од вкупниот број позитивни (897), регистрирани се 215 реинфекции, а бројот на активни случаи изнесува 4.901. Регистрирани сe 638 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Скопје (80 и 83). Двете лица се починати во болнички услови. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 325.279, бројот на оздравени пациенти е 311.015, на починати е 9.363.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје      153.846, Активни   2.217
Куманово    17.326, Активни    258
Битола      16.626, Активни    384
Прилеп      14.711, Активни    237
Тетово      13.892, Активни    162
Кавадарци   11.250, Активни    222
Велес 10.240, Активни    161
Гостивар    9.830, Активни     84
Охрид 9.465, Активни     222
Струмица    8.376, Активни     132
Штип  8.335, Активни     92
Кичево      5.821, Активни     72
Кочани      5.246, Активни     49
Струга      4.895, Активни     93
Гевгелија   4.545, Активни     57
Неготино    3.863, Активни     85
Ресен 2.867, Активни     74
Свети Николе      2.692, Активни     19
Радовиш     2.612, Активни     46
Крива Паланка     2.511, Активни     48
Делчево     2.014, Активни     3
Берово      1.725, Активни     18
Дебар 1.724, Активни     35
Валандово   1.533, Активни     20
Виница      1.406, Активни     4
Пробиштип   1.295, Активни     10
Богданци    1.042, Активни     5
Кратово     1.016, Активни     23
Крушево     959, Активни      20
Демир Хисар 875, Активни      26
Македонски Брод   764, Активни      15
Демир Капија      599, Активни      0
Македонска Каменица     528, Активни      3
Пехчево     490, Активни      3
Дојран      360, Активни      2

Прочитај повеќе

Регион

Пчеларите да ги заштитат пчелните семејства, на 26 и 27 ќе се прска против комарци

Media Press

Published

на

По одложеното прскање протви комарци поради неповолните временски услови, а кое требаше да се случи денеска во утринските часови и утре наутро, донесена е нова одлука и прскањето ќе се реалзира на 26 и 27 јули.

„Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека по одложеното второ прскање кое беше предвидено за 25 и 26 Јули 2022 година, авионската дезинсекција против возрасни комарци се поместува за наредниот ден со следниот распоред:• На 26.07.2022 (Вторник), во општините Струмица и Гевгелија;• На 27.07.2022 (Среда), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш“ стои во известувањето објавено од страна на општините.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат подобри, се додава во известувањето и притоа ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства во период од 04.30 до 10.00 часот.

Прочитај повеќе