Connect with us

Радовиш

Денеска се празнува Празникот на Христовото вознесение – Спасовден

Media Press

Published

на

Денеска се празнува Празникот на Христовото вознесение – Спасовден кој се празнува 40 дена по Велигден и секогаш  во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус Христос им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето се уште се поздравуваат со “Христос воскресе” и си отпоздравуваат со “Навистина воскресе”.

Во спомен на Христовото вознесение на небото Светата Христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Спасовден зошто се празнува денот на Спасителот на Светот- Исус Христос. По тој повод во црковниот храм Света Троица во Радовиш беше одржана света божествена литургија.

Во спомен на овој настан Светата христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Вознесение Господово кој уште се вика и Спасовден, зашто се празнува денот на Спасителот на светот – Исус Христос. Иако е востановен уште во апостолски времиња, празникот на вознесението не се празнувал одделно на четириесеттиот ден по Велигден туку во Педесетницата биле слеани повеќе спомени и тука бил стопен и овој спомен. Дури во крајот на 4 век тој спомен е одделен од Педесетницата, кога се празнува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, празник познат и под имињата Духовден (Дуовден) и Света Троица.

Истражувачите на празничните обичаи и верувања истакнуваат дека времето кога се празнува Спасовден отприлика се совпаѓа со времето кога во претхристијанството паганите го празнувале празникот на божеството Спас кое меѓу многуте божества ја имало улогата на заштитник и спасител на луѓето.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Агресивно однесување од страна на Радовишани кон службените лица од Центар за социјални работи и полицијата

Media Press

Published

на

На 12.01.2022 во 10.20 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода М.К.(67) од Радовиш, кој околу 10.00 часот на ул.„Шаин маале“ во Радовиш попречувал службени лица од Центар за социјални работи Радовиш во преземање на службени дејствија и се однесувал агресивно кон нив.
По целосно расчистување на случајот против лицето ќе се изготви соодветен поднесок.

На 12.01.2022 година во 12.40 во Полициската станица Радовиш И.Д. од Радовиш пријавил дека околу 10.10 часот на ул.„Шаин маале“ Г.К. од Радовиш се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

Новогодишниот фестивал Радовиш „Светол Град“ продолжува

Media Press

Published

на

На плоштадот „Свети Спасо Радовишки“ продолжува програмата Радовиш „Светол Град“ во органзизација на ЦК „Ацо Караманов“. Свој настап имаа Распеани Радовишани и неколку Фолклорни ансамбли. ФА Ацо Караманов од Радовиш, ФА Бучим од Радовиш, ФА Подарешани млади од С. Подаеш и ФА Сушевски бисери од с. Сушево.

Новогодишниот фестивал „Светол Град“ во Радовиш е под покровителство на Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Планиран прекин на водоснабдувањето во втората урбана заедница

Media Press

Published

на

Подари замена на линиски вентил, ЈП Плаваја ќе го прекине водоснабдувањето во втората урбана заедница во Радовиш.

Планирано е прекин на водоснабдувањето на 21 Декември од 08:00 до 12:00 часот

Од ЈП Плаваја апелираат до граѓаните да си обезбедат доволни количини вода за пиење и потреби.

Прочитај повеќе