Connect with us

Радовиш

Дали ќе се реконструира градското шеталиште во Радовиш, повод за дискусија на седница на совет

Media Press

Published

на

Советот на Општина Радовиш вчера ја одржа 57 редовна седница со дневен ред од 26 точки и дополнување со уште три точки на предлог на советниците.   Дополнување на дневниот ред побара советникот Блаже Ужевски како што рече на барање на граѓаните, за поништување на одлуката за реконструкција на градското шеталиште.  

На ова советникот Трајче Ивановски со процедурална забелешка дека  советниците на СДСМ и нивните коалициони партнери на 05.01.2021 година. гласале за реконструкција на централното градското подрачје.

„После 5 месеци се сетивте дека не сте знаеле што гласате. Единствена цел ви е во овие 4 години да се препукувате помеѓу себе на сметка на граѓаните…“ рече советникот Ивановски

 На дискусијата се надоврзаа и претседателот на советот Викица Манолева, како и  советниците  Ристо Спасов и Горан Поцев и Моника Ристевска.

Манолева рече дека и таа лично не знаела што опфаќа реконструкцијата на градското шеталиште и кои улици се опфатени. Советникот Ристо Спасов со прашање до советничката група на ВМРО -ДПМНЕ, дали тие знаеле што опфаќа самата реконструкција.

И советникот Горан Поцев рече дека нема да даде поддршка на оваа предлог одлука бидејќи лично како советник не бил прашан за никаква сугестија ниту мислење околу ова прашање. Советничката Моника Ристовска рече дека нема да им помагаат на советниците од СДСМ да си ги исправат нивните грешки и дека ова не им е прв пат да направат грешка.

Градоначалникот Герасим  Конзулов после целата дискусија со свој став, дека градското штелиште ќе биде изградено и дека со тоа нема да се направи лошо, туку добро за граѓаните на Радовиш.

„Јас имав емисија на ТВ Кобра и таму образложив се што ќе се прави со реконструкцијата и нема ништо лошо во тоа“, рече Конзулов

Советниците од ВМРО- ДПМНЕ на крајот од седницата ја напуштија истата, со образложение дека претходно не гласале за оваа предлог одлука, па нема да гласат ниту сега. Советникот Баже Ужевски на тоа ги обвини дека се повлекуваат кога треба да се донесе некоја важна одлука.

„Џабе дискусии, џабе препукувања, тие ги напуштаат секогаш седниците кога проценат дека некој од владеачкото мнозинство не е присутен и не може да се оствари мнозинство за донесување на одлуки на совет“, рече Ужевски.

Тој обвини за задкулисна игра или радовишки кажано „пазар“ помеѓу градоначалникот Конзулов и советниците од ВМРО -ДПМНЕ за недонесување на оваа точка. На крајот сепак со 8 гласа „за“ точката за поништување на предлог одлуката за реконструкција на градското шеталиште беше усвоена од стран на советниците од СДСМ и коалицијата.

Дали ќе се реконструира градското шеталиште сепак останува да се види.

Радовиш

Активно се работи на изградбата на новиот детски парк позади Основниот суд во Радовиш

Media Press

Published

на

Активно се работи на новиот детски парк кој се гради на просторот позади Основниот суд во Радовиш.  Паркот се гради со средства од донација од Тирската агенција за соработка и координација ТИКА, која за таа цел има одобрено 40 илјади евра.

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов на последната седница на Совет појасни што се ќе опфати овој детски парк  и дека ќе го добие името Тошко Кукутанов.

 

Прочитај повеќе

Радовиш

Обновени фасадите на три згради за колективно домување во Радовиш

Media Press

Published

на

Општина Радовиш го заврши проектот за обнова на фасадите на неколку станбени згради кои подолго време не беа обно9вени и го нарушуваа изгледот на централното градско подрачје.

Пред околу два месеци беше обновена зградата во паркот на младите, потоа зградата на Пензионерскиот дом и последната зграда  на булеварот на раскрсницата за влез во Радовиш.

„Со обновата на последната фасада се комплетира програмата за обнова на фасадите на три згради за колективно домување“, вели градоначалникот Герасим Конзулов кој најавува и други проекти за реализација.

Прочитај повеќе

Радовиш

Известување за корисниците од улица „Самоилова“, булеварот Александар Македонски и Урбан блок-9 од ЈП Плаваја, Радовиш

Media Press

Published

на

Јп Плаваја Радовиш со известување за корисниците од улица „Самоилова“, булеварот Александар Македонски и Урбан блок-9, за прекин на водоснабдувањето.

„Почитувани. Ве известуваме дека утре Вторник 15 Јуни 2021 година поради планирани активности на дистрибутивната водоводна мрежа ќе има прекин на водоснабдувањето од 08:00 до 13:00 часот.За наведениот период обезбедете си потребни количини на вода за пиење и потребите на Вашите домаќинства.Благодариме за разбирањето“, стои во известувањето од ЈП Плоаваја од Радовиш.

11

Прочитај повеќе