Радовиш
Ковид амбулантата во Здравствениот дом во Радовиш без работа, нема нови случаи на Ковид -19
Published
3 години agoна
By
Media PressСостојбата со корона вирусот во Радовиш е стабилна и веќе неколку дена нема нови случаи. Како што истакна директорката на Здравствениот дом Д-р Лимонка Илиевска, Ковид амбулантата повеќе нема работа, а младите лекари специјализанти се вратија на своите специјализации.
Инаку во Радовиш во моментот има 26 активни пациенти кои се во фаза на оздравување, а според денешниот извештај нема нови случаи на Ковид позитивни лица. За жал во денешната евиденција е регистрирано едно починато лице од Радовиш на 52 години.
Во регионот бројот на активни случаи по градови изнесува, во Струмица активни 37, Гевгелија 9, во Богданци 2 и во Валандово 1.
Поврзани содржини
И според последните податоци има нови случаи на Ковид -19 во Радовиш
Бројот на активни случаи со Ковид-19 во Македонија се искачи над 20.000, расте бројот и во Југоистокот
101 нови случаи на ковид -19 во земјава, во Југоистокот само 1 случај во Валандово
Во последните 24 часа регистрирани се 21 нови случаи на Ковид- 19 во Југоистокот
Забрзано расте бројот на нови случаи, Струмица е прва општина во Југоистокот со 561 активни на Ковид-19
Бројот на активни случаи на Ковид -19 во Струмица се искачи на 249, во Радовиш 34 активни случаи
Радовиш
Ликовна изложба „Соочување“ на Томе Даневски во Националната галеријата „Мала Станица“ во Скопје
Published
6 дена agoна
март 23, 2024By
Media PressВчера со почеток во 20.00 ч. во Националната галеријата „Мала Станица“ во Скопје беше отворена самостојна изложба „Соочување“, на ликовниот уметник од Радовиш Томе Даневски, на која беа изложени преку 30-тина дела од истоименатa едиција.
Посетителите ги очекуваше богатство од разиграна колористика со длабоко експресивна тематика, која Ви нуди можност да бидете сведоци на соочувањето на универзалната и теолошката енергија. На изложбата беа присутни и голем број радовишани, роднини и пријатели на Даневски, како и љубители и поддржувачи на уметноста.
Изложбата ќе биде отворена до 25 март.
Радовиш
Бесплатен преглед на очен притисок во очната амбуланта во Здравствен дом – Радовиш, по повод Светска недела на глауком
Published
2 недели agoна
март 14, 2024By
Media PressПо повод неделата на глаукомот, ОО на Црвен Крст – Радовиш, во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом -Радовиш, денеска организира бесплатен преглед на очен притисок, во очната амбуланта во Радовиш а утре во просториите на Здравниот Дом – Конче, со почеток од 09:00 до 13:30 часот.
Доктор Весна Пешева Јанковски апелира до граѓаните барем еднаш годишно да направат офталмолошки преглед, со цел навреме да се открие глаукомот. Итересот за прегледи беше голем, само за час и половина беа прегледани 60 граѓани.
Денеска се вршеа прегледи со безконтактен апарат, кој за жал беше позајмен од приватна болница, бидејќи очната амбуланта го нема и мерењето на очен притисок се прави по една посложена процедура со ставање капки за анестезија и со контактен апарт со окото.
Оваа активност Црвен крст – Радовиш, ја организира во рамките на ЦКА – ПХВ програмата, а со цел да се подигне свеста да се прават превентивни прегледи на очен притисок после 40-тата година, како и да се покрене иницијатива за набавка на овој навидум мал но многу вреден апарат.
Инаку на денешните прегледи очен притисок беше измерен кај 125 луѓе. Кај 24 луѓе беше детектиран покачен очен притисок, со понатамошен совет да се направи комплетен офталмолошки преглед со цел поставување на точна дијагноза.
Радовиш
Нарушен јавниот ред и мир во село Подареш, со физичка пресметка помеѓу три лица
Published
2 недели agoна
март 13, 2024By
Media PressВчера во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 12.10 часот во село Подареш, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.П. и Х.П. од една страна и С.Х. од друга страна, сите од село Подареш .
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштива СВР Струмица, ПС Радовиш.