Connect with us

Радовиш

Илија Атанасов од БК „Бучим“ од Радовиш со дебитантски настап на Европското првенство во Софија

Avatar

Published

на

Радовишанецот Илија Атанасов од БК Бучим од Радовиш, во составот на македонската репрезентација со солиден настап на Европското првенство за У-15 во Софија, Бугарија, во категоријата до 85 килограми. Како што информираат од клубот, Атанасов загубил од репрезентативецот на Грузија со 7-11.

„Како негов тренер, сум многу задоволен и гледам  почеток на негова успешна кариера. Ова беше дебитантски настап на европско првенство. Тој во тешка борба загуби на поени. Од друга страна, неговиот противник загуби во полуфиналето и не го повлеше во репасажот. Инаку, требаше да имаме уште еден преставник на ова првенство, но поради повреда неколку денови пред шампионатот, не можеше да настапи на истото“, вели тренерот Горан Атанасов.

Борачите од БК Радовиш се подготвуваа активно за учество на ова Европско Првенство тренирајќи секојденвно заедно со борачите на БК Балканец од Штип. Тренерот Атанасов уште тогаш најави дека очекуваат добри резултати, на претстојните Европски првенства.

Радовиш

Матеј и Никола од средното училиште од Радовиш, со одлични резултати на државниот натпревар по информатика

Avatar

Published

на

Матеј и Никола од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш, со одлични резултати на државниот натпревар по информатика кој се одржа во ФИНКИ.

„На 25 март, во Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје се одржа државниот натпревар по информатика. На натпреварот учествуваа следниве ученици од нашето училиште: Матеј Цветковски – I година (ментор: Василка Митева) Никола Костадинов – IV година (ментор: Славица Атанасова)

Според резултатите од државниот натпревар, и двајцата ученици имаат трета награда.

Ученикот Никола Костадинов е добитник на награда – бесплатно студирање на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) за сите 4 години на студии почнувајќи од академската 2023/24 година“, соопштуваат од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија ланската куп титула на финалето во Радовиш

Avatar

Published

на

Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија ланската куп титула со триумф над Наковски волеј со 3:1 (23:25, 25:18, 30:28, 25:16) во финалето на турнирот во Радовиш.

🇲🇰

Струмичкиот клуб го доби првиот сет, но актуелните првенки направија пресврт и на крајот му се израдуваа на пехарот притоа недозволувајќи Наковски волеј да се реваншира за поразот во финалето пред две години.

Стојанова освои 17 поени, Баталаковска имаше 16, исто колку и Ѓурѓевиќ.

Кај Наковски волеј, најефикасна беше Љиља Ковачевиќ со 13 поени, Хаџи-Тосева заработи 11, а Милева 8, но тоа не беше доволно струмичанки да ја освојат првата сениорска круна.

 Директорката на спортската сала 25-ти Мај во Радовиш, ги сумира впечатоците и резултатите од целиот настан и притоа е задоволна од организацијата, изразувајчи благодарност во сите овие кои активно беа вклучени во самата органзиација.

Арсова изразува благодарност и до Македонсктата радио телевизија- (МРТВ) за преносот во живо, на македонскиот одбојкарски куп . Таа најавува дека за неколку дена повторно ќе се случи голем настан во спортската сала во Радовиш, од областа на музиката.

Прочитај повеќе

Радовиш

Струмица Никоб го освои пехарот во македонскиот одбојкарски куп во финалето во Радовиш

Avatar

Published

на

Викендот се одржа големото финале на македонскиот одбојкарски куп, во Спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш,голем спортски настан после многу години  кој  три дена ја брануваше радовишката спортска јавност.

Шести пат по ред, а вкупно деветти, Струмица Никоб го освои пехарот во македонскиот одбојкарски куп. Во финалето во Радовиш, актуелниот првак беше доминантен и славеше над Градси Одбојкарски Клуб „Борец“  од Велес, со 3:0 (27:7, 25:23, 25:18), на тој начин освојувајќи го 18-от пехар во клупските витрини.

Владо Милев имаше 12 поени, Хараба заврши со 11, Алексов со 7, Глобоцки заработи 5, Наков 4, а Ефтим Ричлиев 2.

Кај ГОК Борец најефикасни беа примачите Волков со 14 и Костиќ со 12 поени.

Прочитај повеќе