Connect with us

Радовиш

Започна изградбата на локалниот пат Прналија-Супурге, Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Патот се гради во склоп на проектот за поврзување на локални патишта и развој на руралните средини, за рамномерен општински развој. Градоначалникот Герасим Конзулов очекува дека изградбата на  патот кој е во должина од три колометри, ќе буде завршена за околу 2 месеци.

Инаку оваа недела се очекува да биде завршена реконструкцијата на патот кон Плачковица, со што целосно ќе биде асфалтиран овој патен правец во должина од 21 километар.  

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Денеска е Богојавленски водосвет, осветена е водата во сите црковни храмови

Media Press

Published

на

Денеска пред одбележувањето на големиот православен празник Богојавление или Водици беше осветена водата во сите православни храмови односно денеска е  Богојавленски водосвет. 

Денеска се осветуваат водите во црковните храмови а утре се осветуваат сите води во реките, базените и езерата.

Во црковните храмови Свети Пророк Илија и Света Троица во Радовиш  верниците кои што присуствува на утринската  божествена литургија  и на молитвата за осветување на водата, потоа си понесоа од осветената вода во своите домови за здравје, телесно и духовно спасение.

Богојавление или водици се празнува секоја година во чест на крштевањето на Исус Христот во реката Јордан уште пред околу 2000 година. Утре ќе бидат осветени водите во сите реки и базени и ќе биде фрлен светиот крст во нив . Во Радовиш светиот крст ќе биде фрлен во базенот Шампион во 11 часот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш ќе се изврши во базенот „Шампион“

Media Press

Published

на

Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш за големиот христијанскиот празник Богојавление – Водици и годинава ќе биде извршено во базенот „Шампион“.  Како што информираат од Православната црква од Радовиш за Богојавленските празници на 18 јануари во двете градски цркви со почеток во 07 часот  ќе се одржат Царски часови, Литургија и Голем Водосвет.

На 19 јануари во среда во двете градски цркви ќе се одржи Утрена Литургија со почеток во 07:30 часот. Во 10:15 часот од црквата Свети Пророк Илија со Литија,  која ќе се придружи на верниците од црквата Света Троица, ќе се оди до базенот „Шампион“. Во 10:45 часот ќе се освети водата во Базенот по што  ќе биде фрлен Светиот крст во осветените води по кој ќе се фрлаат веќе подготвените и пријавени лица за да го фатат крстот.

Сите оние кои ќе влезат во базенот по Светиот крст треба да имаат потврда од матичен лекар дека се физички здрави и најдоцна до 18 јануари  до 19 часот да се пријават во црковниот храм Света Троица во Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Денеска се празнуваат два празника Обрезание Христово и Свети Василиј Велики или Василица

Media Press

Published

на

Денеска православната црква празнува два празника Обрезание Христово и Свети Василиј Велики или Василица. Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од неговото раѓање се носело во храмот каде било обрежувано и му било давано име. Обрезание Христово се однесува на обрежувањето на Господ Исус Христос

Овој празник се совпаѓа со празникот на Свети Василиј Велики на кој народот му дава поголемо значење  и е попознат како Василица и е домашна слава на многу семејства. По тој повод во црковниот храм Св.Троица во Радовиш, денеска беше одржана света Василичарска божествена литургија.

Свети Василиј Велики е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија.  Како светец бил прогласен по неговата смрт. 

Уште мал се стекнал со образование, примил свештенички чин и го учел народот на божјата наука. На големата популарност му завидувал тогашниот владика во Кесарија поради што Василиј заминал во пустина каде што останал до смртта на владиката.

Потоа се вратил и бил поставен за владика, направил многу добри дела по кои црквата сеуште го споменува. Останал како пример за позитивни човекови особини поради што црквата го нарекла Велики.

Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година. Дел од останките на Свети Василиј се наоѓаат и во црквата Свети Кирил и Методиј во Струмица, пред кој верниците веќе 25 години се поклонуваат.

Традиционално спроти 14 јануари, вечерта по старата македонска традиција се меси и прави зелник, се дели лепче со паричка, кому ќе се падне паричката ќе биде кум наредната година и ќе го организира дочекот на Стара Нова година или василичарски огнови за Василица. Богата трпеза на која задолжително има домашни колбаси и друга храна подготвена од домаќинките, како и вино и грејана ракија при што се пеат староградски  и народни песни до рано изутрина.

Оваа традиција во Радовиш и околните населени места се негува со децении. Според православната црква Василичарските огнови и маски,  се сметат како наследство од предхристијанството и се пагански обичаи.

Прочитај повеќе