Connect with us

Македонија

До 31 мај истекува законскиот рок за потврда или корекција на Годишните даночни пријави за 2020 година

Media Press

Published

на

На 31 мај истекува законскиот рок за потврда или корекција на Годишните даночни пријави (ГДП) за доходот што го оствариле во текот на 2020 година, информира Управата за јавни приходи (УЈП).

Заклучно со овој рок, даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат.

 „На 01 јуни 2021 година Годишните даночни пријава ќе добијат статус на конечни. Ако пријавите не се ниту потврдени ниту коригирани истите ќе бидат потврдени службено. Коригираните Годишни Даночни пријави ќе бидат разгледани и одлучени од службено лице на Управата за јавни приходи, а доколку службеното лице не ја одобри корекцијата на Годишната Даночна пријава ќе се донесе Решение за утврдување на данок на личен доход за 2020 година“, се вели во соопштението.

Кај граѓаните кај кои се појавува обврска за доплата ќе се генерира налог за доплата, кој се наоѓа во самата даночна пријава (во прозорче печати).

„Апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, тоа да го сторат во најкраток можен рок и да го користат бројните придобивки на системот, меѓу нив и заштедата на време“, се вели во соопштението од УЈП.

Македонија

Православните христијани во петок и сабота ја одбележуваат 3aдушница

Media Press

Published

на

Православните христијани во петок и сабота ја одбележуваат 3aдушница, која се одбележува во чест на дyшитe на починатите. Тоа е ден посветен на мoлитивитe за покојните роднини и пријатели.  Се пocетуваат гpoбиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено винo се изразува пoмeн за починатите. За тоа како правилно се одбележува задушница и што треба а што нетреба да се прави, укажува отец Илија Попгонов.

На 3aдушница во црквите може да се служи и паpaстос на кој свештеникот со винo ја прелива пченица, а после службата се оди на гpoбовите на блиските, каде се пaли свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гpoбишта, тој пaли свеќа во црква. На 3aдушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спac на дyшaтa на покojникот. Но според црквата доволно е само пченица и вино. Никако не е препорачливо палење цигара на гробот во чест на починатиот бидејќи тоа е богохулење.

Прочитај повеќе

Економија

Денеска се затвара јавниот повик за потврди-ваучери за организиран одмор за работници со ниски приходи

Media Press

Published

на

Заклучно со денешниот ден 16 јуни (среда) се затвара јавниот повик за издавање на потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари, информира Министерството за економија.

Јавниот повик беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија  пристигнале над 2.600 апликации.

Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во државата кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

Според јавниот повик оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери.

Прочитај повеќе

Македонија

Од денеска нема полициски час, организирање на свадби на отворен простор со максимум 50% исполнетост на капацитетот

Media Press

Published

на

Владата на вчерашната 79-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе одлуките со кои се олабавуват мерките за заштита од Ковид -19 и кои важат од денескаа 16 јуни (среда):

Престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република  Македонија;

Се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите;

Се дозволува одржување на настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до максимум 1000 посетители;

Дозволено е организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега;

Донесен е заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

Прочитај повеќе