Connect with us

Македонија

УЈП ја објави листата на должници за долгови неплатени до крајот на октомври

Avatar

Published

на

Управата за јавни приходи ја објавува Листа на должници за долгови доспеани до 31.07.2022 и неплатени до 31.10.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.


На Листата на должници бр.11/2022 објавени се 1.652 должници – правни лица (помалку за 12 од претходната листа) и 3.209 физички лица (помалку за 21 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 7.889.882.213 денари, помалку за 250.403.801 денари од претходната листа.

 Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.683.872.776 денари, помалку за 276.319.143 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 206.009.437 денари (повеќе за 25,915,342 денари од претходната листа).

Листата на должници може да се провери на веб сајтот на УЈП,  тука

Македонија

ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАС ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА НАС, реагира Сојуз на Синдикати на Македонија- ССМ

Avatar

Published

на

ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАС ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА НАС, реагира Сојуз на Синдикати на Македонија- ССМ.

Се прашуваат зошто бараме враќање на трошоците за превоз до и од работното место.

Пратениците наплатиле 1.124.915 евра за патни трошоци од август 2020 година до декември 2023 година, или во 2022 година за патни трошоци наплатиле 426.360 €, а во 2023 година 366.740 €.

Работниците трошат до 20 % од својата плата за да дојдат на своето работно место и да се вратат дома“, стои во реацијата на ССМ.

Прочитај повеќе

Македонија

Левица: 366 ИЛЈАДИ ЕВРА за патни торшоци за пратениците од коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ за една година. Крмов и Апасиев не земаа ниту денар

Avatar

Published

на

„Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција“ само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366 ИЛЈАДИ ЕВРА во име на фамозните „патни трошоци“, соопштиваат од Левица од каде додаваат дека наспроти нив, пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 ДЕНАРИ за патни трошоци.

,,На вакви плати нема никаков основ да се исплаќаат средства за патни трошоци. Тоа е и програмска заложба на Левица – патните трошоци да бидат укинати”, изјави пратеникот Борислав Крмов за ТВ Стар.

„За потсетување, Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници“. Овој предлог – закон беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС“ велат од Левица.

Пратениците на Левица најавуваат дека и во овој мандат нема да земат ниту денар за патни трошоци.

Прочитај повеќе

Македонија

Во рамките на фестивалот „Мајски оперски вечери“ на 23 мај во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини

Avatar

Published

на

Во рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 23 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина . Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“.

Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, во режија на Огњан Драганов (Бугарија), сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска Илкова, водечки драмски оперски сопран со совршена вокална динамичност и беспрекорна интонација. Остварила безброј оперски и концертни настапи, добитничка е на највисоките државни награди и признанија, во улогата на сликарот Каварадоси ќе настапи, тенорот Никола Китановски, еден од најафирмираните оперски уметници од просторот на поранешна Југославија, кој со огромен успех, веќе триесет и пет години остварува меѓународна професионална уметничка кариера, во улогата на „злобниот Скарпија“ ќе настапи гостинот од Романија, Лусијан Петреан,во улогата на Анџелоти ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски, чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Прочитај повеќе