Млади родители со деца но и повозрасни граѓани во саботата преку протест го изразија своето несогласување со реформите во образованието односно дека се против дигитализација на образованието. Вакви протести имаше во Струмица каде ги блокираа улиците пред општинското собрание но и пред општинската зграда во Радовиш. Своите мислења, барањата и предлозите за образованието, граѓаните ги кажаа на протестот.
Протест на ридители со деца имаше и пред општинската зграда во Радовиш кои го изразија своето несогласување со дигитализација на образованието.
Министерството за
образование и наука целосно го легитимира правото на протест на граѓаните,
затоа што е уставно загарантирано. Но сепак, причината поради која се користи
ова право, не е оправдана, велат од министерството.
„Апсурдно е да се протестира против дигитализација на образованието, ако се има предвид дека тоа е глобален процес кој се случува во голем број земји во светот, а С. Македонија мора да фати чекор со современите трендови и да се приближува кон стандардите за квалитет на образование, кои ги наметнуваат развиените општества.
Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот“, додаваат од Министарстово.
Според ресорното Министерство законското решение кое се однесува на материјалите за учење е целосно во согласност со времето и ерата на ИТ технологијата во која младите живеат и за најголем дел од нив, примената на електронски уред за совладување на одредена наставна материја или тема, пребарување и истражување на податоци преку интернет не претставува проблем, туку вообичаена практика која со законот ќе стане достапна за сите, вклучително и за учениците од социјално ранливите семејства.
„Преку поставување на повеќе филтри низ постапката за изработка и усвојување на учебниците, а воедно и со вклучување на граѓанскиот сектор во целиот процес се елиминира веројатноста за појава на несоодветни содржини и грешки од било каква природа. Во учебниците се воведуваат теми од областа на мултикултурализмот, толеранцијата, почитување на различностите како вредности кои мора да ги поседува секој европски и граѓанин на современо општество. Можноста за ажурирање на учебниците секоја година, пак, значи дека повеќе ќе нема да се применуваат учебници со застарена содржина“, велат од министерството.