Connect with us

Регион

МОН го легитимира правото на протест на граѓаните, но го задржива и ставот: Промените во образованието мора да се случат

Avatar

Published

на

 Млади родители со деца но и повозрасни граѓани во саботата преку протест го изразија своето несогласување со реформите во образованието односно дека се против дигитализација на образованието. Вакви протести имаше  во Струмица каде ги блокираа улиците пред општинското собрание но и пред општинската зграда во Радовиш. Своите мислења, барањата и предлозите за образованието,  граѓаните ги кажаа на протестот.  

Протест на ридители со деца имаше и пред општинската зграда во Радовиш кои го изразија своето несогласување со дигитализација на образованието.

Министерството за образование и наука целосно го легитимира правото на протест на граѓаните, затоа што е уставно загарантирано. Но сепак, причината поради која се користи ова право, не е оправдана, велат од министерството.

„Апсурдно е да се протестира против дигитализација на образованието, ако се има предвид дека тоа е глобален процес кој се случува во голем број земји во светот, а С. Македонија мора да фати чекор со современите трендови и да се приближува кон стандардите за квалитет на образование, кои ги наметнуваат развиените општества.

Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот“, додаваат од Министарстово.

Според ресорното Министерство законското решение кое се однесува на материјалите за учење е целосно во согласност со времето и ерата на ИТ технологијата во која младите живеат и за најголем дел од нив, примената на електронски уред за совладување на одредена наставна материја или тема, пребарување и истражување на податоци преку интернет не претставува проблем, туку вообичаена практика која со законот ќе стане достапна за сите, вклучително и за учениците од социјално ранливите семејства.

 „Преку поставување на повеќе филтри низ постапката за изработка и усвојување на учебниците, а воедно и со вклучување на граѓанскиот сектор во целиот процес се елиминира веројатноста за појава на несоодветни содржини и грешки од било каква природа. Во учебниците се воведуваат теми од областа на мултикултурализмот, толеранцијата, почитување на различностите како вредности кои мора да ги поседува секој европски и граѓанин на современо општество. Можноста за ажурирање на учебниците секоја година, пак, значи дека повеќе ќе нема да се применуваат учебници со застарена содржина“, велат од министерството.

прикажи повеќе
Advertisement

Регион

При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 18.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Валандово. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 20 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Регион

Извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица, во еден угостителски објект имало присуство на малолетници после 24.00 часот

Avatar

Published

на

На 20/21.01.2024, во времето од 23.00 до 04.00 часот, од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат Скопје била извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство малолетници после 24.00 часот, а во шест угостителски објекти биле констатирани прекршоци по Законот за инспекциски надвор. За констатираните прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Прочитај повеќе

Регион

Во спроведена контрола на подрачјето на СВР Струмица биле констатирани 68 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 21.01.2024 во периодот од 14.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 68 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш, 16 на подрачје на Валандово, 13 на подрачје на Струмица и 5 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 43 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 25 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе