Connect with us

Регион

Викендот неколку тепачи во Југоистокот биле пријавени во полиција

Media Press

Published

на

На 09 мај, односно вчера во 15.30 часот во Полициска станица Валандово М.П. (50) од село Удово, пријавил дека на улица „Влашка“ во село Удово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.П. и Б.А. Полициска станица Валандово презема мерки за  целосно расчистување на случајот.

Истиот ден во 23.30 часот во Полициска станица Струмица В.Б. (28) од село Моноспитово, струмичко, пријавил дека околу 22.30 часот на улица во село Моноспитово пријавителот и В.Б. биле физички нападнати од С.Ѓ. од село Босилово и неколку други лица. Се преземаат мерки за  целосно расчистување на случајот.

Ноќеска по полноќ, во 00.45 часот во Полициска станица Струмица М.Б. (36) од Струмица пријавил дека синоќа околу 22.45 часот на улица „Балканска“ во Струмица бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Регион

Прво прскање против комарци по земјен пат во десетте општини од регионот

Media Press

Published

на

   Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира прво прскање по земјен пат против комарци.

-На 14 јуни односно вчера, во период од 20 до 04 часот беше извршено првото прскање во општините Радовиш и Конче.

-Денеска на 15 јуни, во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.

Утре (16 јуни, 2021 година), во период од 20 до 04 часот, првото прскање по земјен пат ќе биде извршено во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.     

              Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаaт соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. 

Прочитај повеќе

Регион

Приведен 36-годишен жител од Василево, пронајдено e марихуана и малолетничка од Радовиш која живеела во неговиот дом

Media Press

Published

на

Вчера во с.Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слободаТ.М.(36) од с.Василево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја.

Според информациите од МВР, при претресот во неговиот дом биле затекнати две женски лица од Радовиш, Г.О. и малолетничка, која живеела во домот со Т.М.. Со нив бил извршен разговор, а Т.М бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Прочитај повеќе

Регион

Засилени контроли на СВР Струмица, казни за 11 возачи кои управувале мотоцикли

Media Press

Published

на

Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден (08.06.2021 година) во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведе засилени контроли во областа на сообракајот. Притоа, биле констатирани 31 прекршок, од кои 11 сторени од возачи кои управуваат мотоцикли.

Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.  

Прочитај повеќе