Министерот за локална самоуправа Горан Милевски заедно со
градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов и претставници од Центарот
за развој на Југоисточниот плански регион денеска беа во посета на дневниот
центар Порака во Радовиш. Поводот беше промоција на два успешно имплементирани
проекти и тоа „Академија за
реинтеграција на маргинилизирани лица“ и
„Создавање на услови за поголема социјална инклузија на лицата со посебни
потреби во ЈИПР“.
Двата проетки се финансирани од Министерството за локална
самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
„Министерството за локална самоуправа преку Швајцарската
агенција за развој и соработка обезбеди 2 милиони денари, кој што ги искористивме
во дневните центри во Радовиш, Гевгелија, Струмица и Валандово, со кои беа
набавени иновативни реквизити кои ќе им помагаат на лицата со попреченост кои
се овде секојдневно, да се оспособат за работа со овие реквизите и за рекреација“,
рече министерот Милевски.
Градоначалникот Конзулов изрази благодарност до Министерството
за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, за поддршката
на овој проект а изрази и благодарност до раководителката Тања Костадинова, за
испешно водење на центарот Порака.
Благодарност за вклучување во проектот изрази и
раководител на ДЦ Порака во Радовиш Тања Костадинова, која рече дека мора да се
поддржуваат овие лица во нивниот натамошен развој за да бидат вклучени во
секојдневното живеење.
Во ДЦ Порака во Радовиш моментално активно се вклучени 10 лица со интелектуална пореченост, со над 18 годишна возраст.