Радовиш

Митрополитот Брегалнички на денешниот празник Ѓурѓовден отслужи Божествена литургија во преубавиот манастир Свети Ѓорги во Ораовица

Со Света Божествена литургија  во отслужение на Митрополитот Брегалнички Господин Иларион во преубавиот манастирски комплекс Свети Ѓорги во Ораовица, денеска беше одбележан големиот верски празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден.

Голем број верници и гости од Радовиш и околните населени места беа присутни на денешната литургија, меѓу кои и ктиторот на манстирот Николајчо Николов, градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, пратеникот од Радовиш во македонското Собрание Здравко Трајанов и останати гости.  За значењето на Свети Георгиј и неговите маки за Христовата вера зборуваше Митрополитот Брегалнички Господин Иларион.  

 Ктиторот на манастирот Николајчо Николов рече дека денешниот голем празник Ѓурѓовден е значаен и по тоа што оваа година се одбележуваат девет години од осветувањето на новата манастирска црква.

Присутните верници на Божествената литургија во манастирот Свети Георгиј во чест на денешниот празник присуствуваа и на манастирки ручек.

Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем претхрстијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago