Connect with us

Радовиш

Ужевски: Дали во Радовиш ќе има нов супер маркет во Спортско рекреативниот центар Шампион?

Media Press

Published

на

Советот на Општина Радовиш ја одржа 56 редовна седница за која беше предвиден дневен ред од 57 точки и 6 дополнители, на предлог на советниците и градоначалникот Герасим Конзулов. На тричасовната седница беа поставени повеќе од десетина советнички прашања до градоначалникот Конзулов и одговорните служби, околу различни проблеми кои ги интересираат граѓаните а во нивно име ги поставуваа советниците. Едно од прашањето беше дали во  Радовиш ќе има нов  супер маркет во Спортско рекреативниот центар Шампион.

Градоначалникот Герасим Конзулов со одговор: „И ние слушнавме, дека ќе се полни дел од базенот со земја и дека ќе се прави паркин простор.  Имавме состанок и се преземени мерки, сопственикот е повикан на состанок но не се појави“.

Конзулов е дециден ако пишува „Базен“ ќе остане Базен и на крајот вели тој, ако има потреба, населението ќе донесе одлука.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Со положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите бранители, ПС Радовиш го одбележа 7-ми Мај Денот на Македонската полиција

Media Press

Published

на

На скромен начин  со положување на свежо цвеќе денеска беше одбележан 7-ми Мај Денот на Македонската полиција, од страна на полициската станица во Радовиш.    

Денот на Македонската полиција од името на Полициска станица Радовиш  го честита началникот на  ОВР Радовиш Спасо Трајков.

На Споменикот на загинатите бранители, во дворот на полицискитата станица свежо цвеќе положија; Делегација предводена од началникот на СВР Струмица , делегација предводена од началникот на ОВР Радовиш Спасо Трајков, Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, Заменик генералниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов, претставници од семејствата на загинатите бранители, командирот на Полициска станица Радовиш Борче Крстев и претставници од Македонскиот полициски синдикат.

Во рамките на одбележувањето на денот Македонската полиција беше спроведена и  превентивна активност со делење заштитни маски на граѓани од страна на полициски службеници во центарот на Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Градоначалникот Конзулов со честитка по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција

Media Press

Published

на

Честитка до сите припаднците на македонската полиција по повод денешниот празник упати градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.

„Ви пожелувам професионален и личен успех и воедно би сакал да Ви се заблагодарам од името на Општина Радовиш за професионалноста во работењето и заштитата на граѓаните и темелните општествени вредности“, стои во честитката од градоначалникот Конзулов.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршен голем комунален проект во Јаргулица, Општина Радовиш

Media Press

Published

на

„По завршувањето на градежните работи, селото Јаргулица доби нов изглед а жителите уреден пристап до своите домови“, вели градоначалникот  на Општина Радовиш Герасим Конзулов.

Со овој проект како што наведува градоначалникот Конзулов, изградени се три нови улици а со тоа е уреден пристапот до околу 1/3 од домовите во селото.

За првпат изградена е нова фекална канализација, а изведен е и зафат за регулација на реката и пороите.

Конзулов најавува продолжување на пролетната градежна офанзива!

Прочитај повеќе