Connect with us

Конче

Општина Конче ќе реконструира дел од локалниот пат помеѓу Долни и Горни Липовиќ, со изградба на плочест пропуст на реката

Avatar

Published

на

Општина Конче најавува нови проекти за реализација со кои ќе се подобрат условите за живот на локалното население. Градоначалникот Благој Илиев најави дека деновиве ќе започне реализацијата на нов проект за реконструкција на  дел од локалниот пат кој ги поврзува селата Долни и  Горни Липовиќ со изградба на плочест пропуст на Модра река. Со ова ќе се реши еден голем проблем на жителите од двете населени места кој се провлекува со години.

 Станува збор за проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски а е финасиран преку Светска Банка.

 Проблемот околу поминувањето на реката посебно се чувствувал при пообилни врнежи од дожд кога реката надоаѓала и требало да се чека и по неколку часа за да се намали новото на истата, се жалат жителите.

Во овој период како што најави градоначалникот Илиев одобрени се и други проекти за финансирање и реалзиација.

прикажи повеќе
Advertisement

Избори 2024

Носителот на кандидатска листа за пратеници во ИЕ 4 Александар Николовски, беше во посета на Општина Конче

Avatar

Published

на

Носителот на кандидатска листа за пратеници во ИЕ 4 Александар Николовски, беше во посета на Општина Конче. Заедно со градоначалникот Златко Ристов присуствуваа на свечениот настан по повод новоизградениот дом на културата во село Лубница.

„Позитивна енергија од посетата на Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски , носител на ИЕ 4 .Народот си ја сака Државата во свои раце. Професор Гордана Сиљановска Дафкова е идниот Претседател на нашата таковина Република Македонија“ вели градоначалникот Ристов.

Прочитај повеќе

Конче

Градоначалникот на Општина Конче со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов, со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти.

„Почитувани граѓани на Општина Конче , би сакал да упатам апел до сите граѓани кој што обработуват земјоделски површини и сите оние граѓани кои од други причини имаат потреба да се движат по шумските делови и земјоделските површини , да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти . Како резултат на таквата негрижа во вчерашниот ден беше предизвикан шумски пожар од кој беше предизвикана огромна материјална штета на дабова шума во м.в ,,Брестиви дол” , атар на село Габревци!!!“ стои во апелот од градоначалникот Ристов.

Прочитај повеќе

Конче

Поставување на нова урбана опрема во населените места во Општина Конче

Avatar

Published

на

Општина Конче деновива започна со поставување на нова урбана опрема во населените места во општината. Според градоначалникот Златко Ристов ќе биде поставена урбана опрема во централните подрачја на сите населени места со цел да се подобрат условите на граѓаните.

Прочитај повеќе