Connect with us

Конче

Училиштето во с.Горни Липовиќ конечно ќе добие пристојни услови за настава. Општина Конче ќе реализира проект за реконструкција

Avatar

Published

на

Општина Конче ќе реализира  проект за реконструкција на ПОУ Гоце Делчев-Конче во с.Горни Липовиќ  со средства од Министерството за образование и наука.   По објавената ранг листа на Министерството за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти на општински основни и средни училишта, училиштетото во Горни Липовиќ  се наоѓа на 5 то место со 52 бода од одобрени 19 проекти.

„По најавата за изградба на нова училиша зграда во с.Конче, реконструкцијата со сопствени средства на училиштето во с.Дедино, ќе се реконструира и  училиштето во с.Горни Липовиќ, кое е во многу лоша состојба“, вели градоначалникот  Благој Илиев.

Тој додава дека со цел подобрување на условите за образование и дсотигнување на современите стандарди за децата, набавени се и 2 нови минибуси за превоз на учениците а завршена е и изградбата на спортката сала во дворот на училиштето во Конче .

„Една од најважите обврски кои беа во нашата програма беше подобрување на условите за образование на нашите деца“ додава градоначалникот Илиев.

Избори 2024

Носителот на кандидатска листа за пратеници во ИЕ 4 Александар Николовски, беше во посета на Општина Конче

Avatar

Published

на

Носителот на кандидатска листа за пратеници во ИЕ 4 Александар Николовски, беше во посета на Општина Конче. Заедно со градоначалникот Златко Ристов присуствуваа на свечениот настан по повод новоизградениот дом на културата во село Лубница.

„Позитивна енергија од посетата на Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски , носител на ИЕ 4 .Народот си ја сака Државата во свои раце. Професор Гордана Сиљановска Дафкова е идниот Претседател на нашата таковина Република Македонија“ вели градоначалникот Ристов.

Прочитај повеќе

Конче

Градоначалникот на Општина Конче со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов, со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти.

„Почитувани граѓани на Општина Конче , би сакал да упатам апел до сите граѓани кој што обработуват земјоделски површини и сите оние граѓани кои од други причини имаат потреба да се движат по шумските делови и земјоделските површини , да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти . Како резултат на таквата негрижа во вчерашниот ден беше предизвикан шумски пожар од кој беше предизвикана огромна материјална штета на дабова шума во м.в ,,Брестиви дол” , атар на село Габревци!!!“ стои во апелот од градоначалникот Ристов.

Прочитај повеќе

Конче

Поставување на нова урбана опрема во населените места во Општина Конче

Avatar

Published

на

Општина Конче деновива започна со поставување на нова урбана опрема во населените места во општината. Според градоначалникот Златко Ристов ќе биде поставена урбана опрема во централните подрачја на сите населени места со цел да се подобрат условите на граѓаните.

Прочитај повеќе