Connect with us

Конче

Општина Конче ќе реконструира дел од локалниот пат помеѓу Долни и Горни Липовиќ, со изградба на плочест пропуст на реката

Avatar

Published

на

Општина Конче најавува нови проекти за реализација со кои ќе се подобрат условите за живот на локалното население. Градоначалникот Благој Илиев најави дека деновиве ќе започне реализацијата на нов проект за реконструкција на  дел од локалниот пат кој ги поврзува селата Долни и  Горни Липовиќ со изградба на плочест пропуст на Модра река. Со ова ќе се реши еден голем проблем на жителите од двете населени места кој се провлекува со години.

 Станува збор за проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски а е финасиран преку Светска Банка.

 Проблемот околу поминувањето на реката посебно се чувствувал при пообилни врнежи од дожд кога реката надоаѓала и требало да се чека и по неколку часа за да се намали новото на истата, се жалат жителите.

Во овој период како што најави градоначалникот Илиев одобрени се и други проекти за финансирање и реалзиација.

прикажи повеќе
Advertisement

Конче

Поставување на нова урбана опрема во населените места во Општина Конче

Avatar

Published

на

Општина Конче деновива започна со поставување на нова урбана опрема во населените места во општината. Според градоначалникот Златко Ристов ќе биде поставена урбана опрема во централните подрачја на сите населени места со цел да се подобрат условите на граѓаните.

Прочитај повеќе

Конче

Голем број на посетители на Изложбата на aвторката Лејла Куртов “Рурална жена низ објективот” во Општина Конче

Avatar

Published

на

Вчера во Домот на Култура во Општина Конче се одржа првата самостојна изложба на дигитална фотографија со која авторката Лејла Куртов полека но сигурно ги крши стереотипите на нашето општество за тоа што претставува руралната жена.

На изложбата на авторката Лејла “Рурална жена низ објективот” која се одржа во домот на културата во Општина Конче, присутни беа голем број посетители.

Настанот беше збогатен со настап на КУД Конче, како и вкусните специјалитети со кои Општина Конче се гордее.

Покрај фотографиите , посетителите имаа прилика да видат и краток Документарен филм на кој се прикажани културните богатства на оваа Општина, но и животните приказни на овие моќни жени .

Овој настан беше предводен од Модераторот Златко Јанкулов и презентерката на “Животните приказни на руралните жени” Катерина Василева .

Авторката вели дека ова е само еден убав почеток , а инспирацијата за нови настани и изложби ја црпи од преголемото културно богатство кое го поседува Општина Конче.

Прочитај повеќе

Конче

Изложба “Рурална жена низ објективот” на која ќе бидат претставени 19 фотографии и 17 животни приказни, на 10 март во Општина Конче

Avatar

Published

на

Прва изложба на фотографии насловена “Рурална жена низ објективот” на Лејла Куртов ќе биде организирана на 10 март во Домот на културата во Општина Конче.

Лејла Куртов, родена во Скопје 1996 година е дипломиран педагог на Филозофскиот факултет во Скопје, воспитувач во Детската градинка 12-Ти јули во Конче каде се грижи и ги воспитува најмалите.Покрај нејзината професионална дејност во слободно време таа се занимава со фотографија и уметничко сликање.Таа вели дека фотографијата е од големо значење за нас , фотографијата треба да пренесе некоја порака, а од друга страна фотографијата преставува уметничка интерпетација на некое случување,личности или објекти,фотографијата е момент кој можеме да го сочуваме.

Ова е нејзина прва изложба, а покрај тоа е и прва изложба на фотографии која ќе се претстави во Домот на Култура во Конче на 10ти Март со почеток од 13:00 часот.

На Изложбата “Рурална жена низ објективот” ќе бидат претставени 19 фотографии и 17 животни приказни со кои авторката сака да го скрши стереотипот за руралната жена во нашето општество .

Фотографиите се доказ дека руралната жена е силна и моќна. Жена која работи со многу труд и креативност,жена која се занимава со земјоделско производство, но во исто време може да биде и претприемач,медицинско лице ,учител и се она што таа ќе посака .

Руралната жена е столб кој ја негува традицијата, а од друга страна е и урбана жена која може да приднесе и на економски, социјален и културен развој.

Прочитај повеќе