Connect with us

Конче

Општина Конче ќе реконструира дел од локалниот пат помеѓу Долни и Горни Липовиќ, со изградба на плочест пропуст на реката

Media Press

Published

на

Општина Конче најавува нови проекти за реализација со кои ќе се подобрат условите за живот на локалното население. Градоначалникот Благој Илиев најави дека деновиве ќе започне реализацијата на нов проект за реконструкција на  дел од локалниот пат кој ги поврзува селата Долни и  Горни Липовиќ со изградба на плочест пропуст на Модра река. Со ова ќе се реши еден голем проблем на жителите од двете населени места кој се провлекува со години.

 Станува збор за проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски а е финасиран преку Светска Банка.

 Проблемот околу поминувањето на реката посебно се чувствувал при пообилни врнежи од дожд кога реката надоаѓала и требало да се чека и по неколку часа за да се намали новото на истата, се жалат жителите.

Во овој период како што најави градоначалникот Илиев одобрени се и други проекти за финансирање и реалзиација.

прикажи повеќе
Advertisement

Конче

Училиштето во с.Горни Липовиќ конечно ќе добие пристојни услови за настава. Општина Конче ќе реализира проект за реконструкција

Media Press

Published

на

Општина Конче ќе реализира  проект за реконструкција на ПОУ Гоце Делчев-Конче во с.Горни Липовиќ  со средства од Министерството за образование и наука.   По објавената ранг листа на Министерството за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти на општински основни и средни училишта, училиштетото во Горни Липовиќ  се наоѓа на 5 то место со 52 бода од одобрени 19 проекти.

„По најавата за изградба на нова училиша зграда во с.Конче, реконструкцијата со сопствени средства на училиштето во с.Дедино, ќе се реконструира и  училиштето во с.Горни Липовиќ, кое е во многу лоша состојба“, вели градоначалникот  Благој Илиев.

Тој додава дека со цел подобрување на условите за образование и дсотигнување на современите стандарди за децата, набавени се и 2 нови минибуси за превоз на учениците а завршена е и изградбата на спортката сала во дворот на училиштето во Конче .

„Една од најважите обврски кои беа во нашата програма беше подобрување на условите за образование на нашите деца“ додава градоначалникот Илиев.

Прочитај повеќе

Конче

Двајца жители од Конче фатени на скопскиот аеродром со лажни ПЦР тестови

Media Press

Published

на

Двајца жители од Конче биле фатени на скопскиот аеродрм со лажни ПЦР-тестови во обид да ја напуштат државата. Тие се казнети со по 2.000 евра во денарска противредност.

Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, до Основниот кривичен суд Скопје денеска е поднесено Предлог за издавање казнен налог против двајца жители на радовишкото село Конче, кои се товарат за кривично дело – Фалсификување исправа.

На 29 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, тие употребиле како вистинска лажна исправа – сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот. Медицинските сертификати за кои знаеле дека не се оригинални и не се издадени од наведената лабораторија ги презентирале при пасошката контрола, при обидот да ја напуштат државата.

Основното јавно обвинителство Скопје му предложи на Судот за двајцата обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. 

Прочитај повеќе

Конче

Реконструкција на дел од локален пат за с. Габревци- Општина Конче, преку изградба на плочест пропуст

Media Press

Published

на

Во соработка со Министерството за транспорт и врски и Светска Банка веќе е објавен  тендерот за „Реконструкција на дел од локален пат за с. Габревци – Општина Конче“.

„Станува збор за изградба на плочест пропуст преку Дединска река и рехабилитација на патот од двете страни на пропустот со што ќе го решиме долгогодишниот проблем на ова место“, вели градоначалникот Благој Илиев.

 Средствата за овој проект се обезбедени од „проект за поврзување на локални патишта“ на Владата на Република Македонија, Мин.транспорт и врски и Светска Банка, а проектната вредност на поектот е околу 2.2 милиони денари.

Прочитај повеќе