Радовиш
Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица
Објавено на
Од
Media PressОд утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плчаковица со што целосно завршува реконструкцијата на овој патен правец. Градоначалникот Герасим Конзулов заедно со раководителот на одделението за урбанизам Кирчо Сусинов, денеска изврши увид во работните активности.

Конзулов апелира до граѓаните да се воздржат од патување кон планината Плачковица овие денови бидејќи нема да е прооден за секаков вид на возила во време од 09.00 до 17.00 часот секој работен ден освен недела, се до завршувањето на асфалтирањето.

Пред две години беа реконструирани 3 колометри на делот од Шумска куќичка кон градот Радовиш, а минатата година уште 7 колометри. Со оваа последна фаза од околу 8 километри целосно ќе биде завршена реконструкцијата на овој патен правец кој води кон атрактивната и примамлива за планинарите и туристите, планина Плчаковица.
Според Градоначалникот Конзулов со ова целосно ќе биде обновен регионалниот пат кон Плачковица после 42 години.
Поврзани содржини

Деновиве започнаа пролетните градежни активности во Радовиш, со асфалтирање на улици со комплетен водоводен и канализациски систем

Втор слој асфалт на дел од улиците во Струмица со што се подобрува инфраструктурата во градот

Градежни активности на втората коловозна лента на булеварот Александар Македонски

Започна асфалтирањето на уште еден поголем дел од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица

Општина Босилово реализира работни активности за асфалтирање на повеќе улици

Општина Струмица од денеска започнува со асфалтирање
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

