Connect with us

Регион

Бројот на нови случаи со Ковид – 19 во Југоистокот сеуште висок

Media Press

Published

на

Бројот на нови случаи со Ковид-19 во Југоисточниот регион како и во државата сеуште  висок. Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19  во земјата. Од нив 59 во Југоистокот.

-Струмица 33, -Гевгелија  13, -Радовиш 10 и Валандово 3.

Пријавени се вкупно 31 починато лице од кои три од регионот: 2 лица од Гевгелија (68г и 73г) и едно лице од  Струмица (59г).

Регистрирани се 1.118 оздравени пациенти на ниво на држава, од нив 98 во општините од регионот:

-Струмица 48, -Гевгелија 30, -Радовиш  8, -Дојран 6, – Богданци  4 и Валандово 2.

Досега во земјата се направени вкупно 695.267 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658.

Според министерот за здравство Венко Филипче бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со Ковид-19, но сеуште нема простор за опуштање и граѓаните треба да продолжат да ги почитуваат мерките.

„Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати“, објави на својот фејсбук профил министерот Филипче.

Болничките капаците во Струмица и Гевгелија суште остануваат исполнети.

Регион

Советот за развој на ЈИПР денеска во Гевгелија ќе ја одржи втората седница

Media Press

Published

на

Советот за развој на Југоисточниот плански регион, денеска 30 ноември, ќе ја одржи својата втора седница. На седницата, на која ќе претседава новоизбраниот претседател на Советот за развој на ЈИПР, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ќе се расправа за Извештајот за воспоставената меѓуопштинска соработка за решавање на проблемот со бездомните животни на територијата на ЈИПР, како и за Извештајот за состојбата и активностите за изградба на Регионална депонија во ЈИПР. Втората седница на Советот за развој на ЈИПР ќе се одржи во Големата сала на Општина Гевгелија, со почеток во 15:00 часот. Членовите, Градоначалници на општините во ЈИПР, ќе работат по следниот дневен ред:

1. Усвојување на Записникот од Првата (конститутивна) седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион,
2. Извештај за воспоставената меѓуопштинска соработка за решавање на проблемот со бездомните животни на територијата на Југоисточниот плански регион и основаното зедничко Јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“ Струмица,
3. Извештај за состојбата и активностите за изградба на Регионална депонија за Југоисточниот плански регион односно воведување на регионално интегрирано управување со комуналниот цврст отпад во Југоисточниот плански регион,
4. Донесување на одлука за примопредавање на проектот: „Изградба на патот с. Зубово – с. Ново Село – с. Мокриево“,
5. Разно.

Прочитај повеќе

Регион

Заедничка мрежа за Македонија и Бугарија за превенција и справување со шумски пожари

Media Press

Published

на

 Во рамките на Интерег ИПА програмата, прекуграничните региони на Македонија и Бугарија ќе формираат заедничка мрежа за превенција и справување со шумски пожари.

Во мрежата ќе бидат вклучени сите релевантни институции од двете страни на границата, надлежни за делување при пожари. Вмрежувањето е резултат на реалните потреби и искуства од терен, но и промовирање на волонтерството во противпожарната заштита. Во иднина, ќе служи како база за подобра координација помеѓу надлежните во двете држави, како олеснување на соработката помеѓу локалните институции.
            Исто така, во рамките на истата програма, сите 112 пожарникари од ТППЕ во Југоисточниот регион, ќе добијат комплетна лична заштитна опрема за шумски пожари, како: комбинезони, ќебиња, чизми, ракавици, шлемови направени специјално за шумски пожари, заштитни маски против чад и балаклави огноотпорни маски. За секоја од противпожарните единици во регионот ќе се набават пумпи, противпожарни црева и моторни пили. Со оваа опрема значајно ќе се унапреди безбедноста и функционалноста на пожарникарите од регионот и нивен навремен и соодветен одговор против шумските пожари кои предизвикуваат огромни штети, ја уништуваат природата, а не ретко, како што е познато од минатото, има и човечки жртви.
            Целиот проект чини близу 400.000 евра обезбедени од Европската Унија преку ИПА Интерег програмата. Инаку, Центарот за Југоисточен плански регион, преку проектот „Деловен еко-систем како интегриран систем“ (Акронин „Be In“), во рамките на Interreg- IPPA Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија 2014-2020 година, аплицираше за набавка на едно противпожарно возило за ТППЕ- Гевгелија, кој проект е прворангиран на утврдената листа.

Прочитај повеќе

Регион

Се одржа првата (конститутивна) седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

Media Press

Published

на

Денеска во Струмица се одржа првата (конститутивна) седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на којашто беа верификувани мандатите на новоизбраните градоначалници на десетте општини избрани на локалните избори коишто се одржаа минатиот месец.

            На денешната конститутивна, Андон Сарамандов, градоначалник на Општина Гевгелија, беше избран за нов претседател на Советот. Одлуката беше едногласно донесена од страна на сите членови на Советот за развој на ЈИПР, во кој членуваат Градоначалниците на десетте општини кои влегуваат во Југоисточниот плански регион. На тој начин ја изразија довербата Сарамандов во наредните 12 месеци да раководи со Советот за развој и да ги координира активностите на ова тело кое носи одлуки, дава предлози и расправа за сите актуелни прашања од интерес на сите општини, кои се дел од Југоисточниот плански регион.

На седницата беше присутна и Жулиета Ѓуркова раководител на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион .

Според градоначалникот Костадинов, во следните 4 години, целта на Советот мора да биде рамномерен развој на сите општини во југоисточниот дел од државата подеднакво, а тоа ќе значи и поквалитетен живот за сите граѓани без разлика дали живеат во помалите или поголемите општини.

 На седницата присуствуваа и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов, градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов, на Општина Василево Славе Андонов, на Општина Босилово Ристо Манчев, градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов, на Валандово Перо Костадинов, на Богданци Блаже Шапов, и на Општина Дојран Анго Ангов.

  Инаку, Советот за развој на денешната седница донесе и одлука за отпочнување на постапка за избор на еден претставник од бизнис-заедницата во Советот за развој, како и јавен повик за избор на еден член во Советот за развој, со мандат од четири години. Исто така, Советот беше информиран и за наредните активности, така што беше договорено втората седница на Советот за развој да се одржи во Гевгелија, на 30 ноември, 2022 година.

Прочитај повеќе