Connect with us

Регион

Десетте општини во регионот започнуваат со активности за првото ларвицидно прскање против комарци

Media Press

Published

на

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот започнува со активности за третирање против ларвицидна и возрасна форма на комарци по земјен пат. Предвидени се две третирања за ларвициди и три третирања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 хектари.

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион дека првото ларвицидно прскање ќе се изврши во период од 20 до 22 април 2021 година, со следниот распоред:

На 20.04.2021 година (Вторник), во период од 09 до 16 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци.

На 21.04.2021 година (Среда), во период од 09 до 16 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.

На 22.04.2021 година (Четврток), во период од 09 до 16 часот во општините Радовиш и Конче.

 Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Регион

Пријавени деца за вакцинација и од Југоистокот, најмногу од Струмица

Media Press

Published

на

Од понеделник почнува вакцинирањето на деца и млади од 12 до 18 години. Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ до вчера напладне вкупно се пријавиле 1623 деца и млади. Вакцинирањето ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле при пријавувањето.

Најголем број пријавени деца и млади од општините во Југоистокот има во Струмица 43, Гевгелија 40,  а во останатите градови бројките се под 10 пријавени, информираат од Министерството.

Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 2.866 тестирања, регистрирани се 26 нови случаи со Ковид-19.

Прочитај повеќе

Регион

СВР Струмица продолжува со засилени акциски контроли над возачи

Media Press

Published

на

Во текот на вчерашниот ден во спроведена акциска контрола над возачите на мотоцикли, биле констатирани 18 прекршоци, од кои 4 за некористење на заштитен шлем-кацига за време на управување на мотоцикл, 4 за управување без возачка потврда/дозвола, по 2 прекршоци за нерегистриран мотоцикл, изминат рок на важност на регистрација и изминат рок на важност на осигурителна полиса и 4 останати прекршоци. Еден мотоцикл бил одземен.

Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани. Денеска пак СВР Струмица презеде засилени мерки над возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 29 прекршоци, од кои 10 поради управување со возило со брзина помеѓу 30 и 50 километри на час над дозволената и истите се соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Регион

Потврдени половина од актуелните градоначалници од Југоистокот, за кандидати за втор мандат

Media Press

Published

на

Лидерот на СДСМ Зоран Заев,  на прес конференција по седницата на раководството на партијата објави триесет имиња за кандидати за градоначалници од нивната партија. Во Југоисточниот регион најголемиот дел од постојните градоначалници ќе бидат кандидати и за втор мандат.

Перо Костадинов за Валандово, Анго Ангов за Дојран, Блаже Шапов во Богданци, Зоран Зимбаков во Босилово, Маријан Јанев во Василево и Благој Илиев во Конче.

Според изјавата на Заев, половина од десетте градоначалници во овој регион ќе бидат во трката за градоначалници и на локалните избори наесен.

Сеуште е неизвесно кој ќе биде кандидат на оваа партија за Општина Струмица, за Општина Радовиш, за Гевгелија и за Ново Село. Лидерот Заев рече дека одлуката за овој избор не ја донел сам, туку е направена врз база на анкети. Според него кандидатите со најголема доверба меѓу граѓаните, но и тие кои се покажале како чесни и вредни ќе бидат предложени за повторен избор.

До СДСМ биле поднесени 630 кандидатури за градоначалници и 5.000 кандидати за советници, преку можноста за самокандидирање, но и во постапките во рамки на партијата.

„По спроведените испитувања на јавното мислење, на мислењето на граѓаните, анализите и истражувањата, консултациите со нашето членството, целосно се завршени и со одлука на раководството дефинирани се првите 30 кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ“, рече Заев.

  1. Перо Костадинов – Валандово
    2. Меликије Халими – Арачиново
    3. Благојчо Шапов – Богданци
    4. Зоран Зимбаков – Босилово
    5. Велимир Смилевски – Бутел
    6. Маријан Јанев – Василево
    7. Сашо Јанковски – Вевчани
    8. Ивица Димитров – Виница
    9. Роберт Бешовски – Градско
    10. Горан Трајковски – Делчево
    11. Лазар Петров – Демир Капија
    12. Анго Ангов – Дојран
    13. Борче Гиевски – Зелениково
    14. Јордан Насев – Карбинци
    15. Филип Темелковски – Кисела Вода
    16. Благојчо Илиев – Конче
    17. Томе Христовски – Крушево
    18. Аце Велковски – Лозово
    19. Медат Куртоски -Маврово-Ростуше
    20. Љубе Кузмановски – Новаци
    21. Константин Георгиевски – Охрид
    22. Елизабета Зелениковска – Петровец
    23. Славчо Пандурски – Пехчево
    24. Драган Анастасов – Пробиштип
    25. Живко Гошаревски – Ресен
    26. Стојан Николов – Росоман
    27. Жаклина Јовановска- Старо Нагоричане
    28. Горан Стојановски – Чашка
    29. Сашко Николов -Штип
    30. Петре Шилегов – Скопје

Прочитај повеќе