Connect with us

Радовиш

Започна асфалтирањето на крак на улица Плачковица во Радовиш, кој беше проблем за граѓаните 30 години

Media Press

Published

на

Започна асфалтирањето на крак од улица Плачковица во Радовиш, улица која претставуваше проблем за граѓаните околу 30-тина години.

Уште кога започна изградбата пред околу два месеци граѓаните беа во неверување  но и благодарни што  конечно ќе биде изградена нивната улица согласно сите стандарди, за нормално функционирање и пристигнување до своите домови. Нема повеќе да се движат по кал при пообилни врнежи на дожд.

 Општина Радовиш со средства од сопствениот буџет во износ од 5,2 милиони денари  ја изгради оваа улица, се со цел рамномерен инфраструктуран развој и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Општината претходно ги реши и проблемите околу имотно правните односи со жителите кои што живеат на оваа улица. Оние кои одзеле од државното земјиште  мораа да го ослободат, а на оние на кои  им беше одземено од приватниот имот ќе им биде платено. Денеска машините на фирмата изведувач активно работеа на асфалтирањето на улицата.

Конечно се надминува проблемот кој го имале граѓаните со години. Тие беа воздржани  и без коментир но и задоволни што после 30 години ќе имат пристојни услови за живеење како што доликува на едно урбано место. И можеби ова е вообичаена инфраструктурна работа која им е обрска на  надлежните, но досега 30 години никој не ја завршил, а последиците ги трпеа граѓаните.

Радовиш

Министерот Милевски во посета на Радовиш, градоначалникот Конзулов изрази благодарност за поддршката на ДЦ Порака

Media Press

Published

на

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски заедно со градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов и претставници од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион денеска беа во посета на дневниот центар Порака во Радовиш. Поводот беше промоција на два успешно имплементирани проекти  и тоа „Академија за реинтеграција  на маргинилизирани лица“ и „Создавање на услови за поголема социјална инклузија на лицата со посебни потреби во ЈИПР“.

Двата проетки се финансирани од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

„Министерството за локална самоуправа преку Швајцарската агенција за развој и соработка обезбеди 2 милиони денари, кој што ги искористивме во дневните центри во Радовиш, Гевгелија, Струмица и Валандово, со кои беа набавени иновативни реквизити кои ќе им помагаат на лицата со попреченост кои се овде секојдневно, да се оспособат за работа со овие реквизите и за рекреација“, рече министерот Милевски.

Градоначалникот Конзулов изрази благодарност до Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, за поддршката на овој проект а изрази и благодарност до раководителката Тања Костадинова, за испешно водење на центарот Порака.

Благодарност за вклучување во проектот изрази и раководител на ДЦ Порака во Радовиш Тања Костадинова, која рече дека мора да се поддржуваат овие лица во нивниот натамошен развој за да бидат вклучени во секојдневното живеење.

Во ДЦ Порака во Радовиш моментално активно се вклучени 10 лица со интелектуална пореченост, со над 18 годишна возраст.  

Прочитај повеќе

Радовиш

Се помалку јагниња на пазарот во Радовиш во пресрет на големиот верски празник Ѓурѓовден, но дали треба да се коли курбан

Media Press

Published

на

Од 3500 до 4000 денари се движеше цената на едно јагне на пазарот во Радовиш, во пресрет на големиот верски празник Ѓурѓовден.

Утре се празнува големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден, кој спаѓа меѓу неподвижните празници и секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар.

Граѓаните имаат обичај за Ѓурѓовден да купат и да заколат јагне  за здравје или како што велат тие „курбан“. Во пресрет  на големиот прзник денеска на градскиот пазар во Радовиш се  продаваа јагниња, по 200 денари за килограм жива мера како што велат сточарите. Цената е висока но стоката ја нема велат тие, поради ниската цена претходните  три години.  Сточарите се пожалија дека сточарството полека изумира како дејност, младите не сакаат да чуват овци а потребно е обезбедување на пасишта, проблем со кој се соочуваат секојдневно.

Според црквата колењето на јагниња или курбан   е обичај кој  не е во во духот на христовата вера и не треба да се практикува . Потребно е само молитва а не и жртва.

Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем претхрстијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто, По тој повод  во повеќе села се слави Ѓурѓовден  како селска слава и се примаат гости од други населени места, а во црковните храмови се држи божествена литургија.   

Со  Ѓурѓовден се поврзани и голем број обичаи во радовишкиот крај, како закачување на зелено гранче на портата на секој дом  рано наутро.  Посебно значаен обичај што се изведува на Ѓурѓовден е нишањето или лулањето. Според нашиот народ со Ѓурѓовден започнува летната половина на годината  која трае до Митровден. 

Прочитај повеќе

Радовиш

Дискусија на седница на Советот околу прашањето: Што опфаќа реконструкцијата на градското шеталиште во Радовиш?

Media Press

Published

на

На одржаната 56 седница на Советот на Општина Радовиш  помеѓу повеќето поставени советнички прашања беше и прашањето околу реконструкцијата на градското шеталиште во  Радовиш односно улицата од паркот на младите до плоштадот „Свети Спасо Радовишки“  и улицата „22 Октомври“ од плоштадот до центарот за култура „Ацо Караманов“.

Советниците Блаже Ужевски и Ристо Спасов се интересираа што конкретно предвидува оваа реконструкција. Одговор дадоа градоначалникот Герасим Конзулов и  раководителот на одделението за урбанизам Кирчо Сусинов.

Претседателот на Советот Викица Манолева, исто така се интересираше околу самата реконструкција на градското шеталиште и побара да се одржи јавна расправа и граѓаните да одлучат за тоа што сакаат.

Прочитај повеќе