Connect with us

Радовиш

Досега во Радовиш вакцинирани околу 160 граѓани над 77 години со Астра Зенека, можат да се пријават и граѓани од 70 до 77 години

Avatar

Published

на

Во Здравствениот дом во Радовиш досега се вакцинирани околу 160 граѓани над 77 години од добиените 200 дози вакцини од Астра Зенека. Вакцинацијата суште е во тек и може да се пријавуваат и граѓани од 70 години па нагоре кои сакаат итно да се вакцинираат.

Според директорката на Здравствениот дома Д-р Лимонка Илиевска вакцинацијата тече во најдобар ред со придржување на основните препораки – задолжително носење заштитна маска, одржување дистанца, дезинфекција на раце и мерење температура. Термините се закажуваат преку матичните лекари кои ги упатуваат своите пациенти и ги известуваат за времето на вакцинација.

Истата се одвива во просториите на Здравствениот дом, секој работен ден од 08-15 часот.  Според директорката Илиевска досега не се пријавени несакани реакции од вакцината Астра Зенека, од страна на пациентите. Непречено работи и Ковид амбулантата каде им се даваа соодветна терапија и им се пружат птребните услуги на ковид болните.

И во Во ЈЗУ “Здравствен Дом”-Струмица  од 31 март  од кога започна вакцинирањето со првата пратка од 600 дози Астра се вакцинирале околу 380 граѓани од кои тројца во домашни услови, поради неподвижност, информираше во понеделникот директорката на ова здравствена установа, д-р Љубица Митева.

Вакцинацијата се одвива во просториите на Службата за Спортска медицина, секој работен ден од 08-18 часот. Термините за вакцинација се закажуваат преку матичен лекар.

На 11 април како што информира директорката  е примена и втората пратка од 100 дози Астра Зенека од Министерството за здравство.

Во овој период во тек е и вакцинацијата во Гевгелија и во Валандово. За овие две недели, на територијата на цела држава пуштени се 9.577 термини за вакцинација на граѓани над 77-годишна возраст, велат од Министерството за здравство.

Основната препорака и  покрај вакцинирањето е да граѓаните останат заштитени, да носат маска,  да одржуваат дистанца и дезинфекција!!!

Радовиш

Пријавила во полиција дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната

Avatar

Published

на

На 28.03.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ф.К.(20) од Радовиш пријавила дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе