Connect with us

Радовиш

Апел за заштита од пожари на отворен простор

Media Press

Published

на

Територијата на Република Македонија во текот на летниот период се соочува со зачестеност на полски и шумски пожари кои се помогнати од покачувањето на темпратурите и сушниот период, а човечкиот фактор е посочен како причинител на истите, кои освен што ја загрозуваат животната средина, се закануваат и по животот на граѓаните.

Од тие причини Општина Радовиш упатува предупредување и апел до сите лица кои работат или се движат на отворен простор, особено на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и се палат отпадоци и стрништа на нивите.

„Да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места.

Да не се палат стрништа, земјоделски и други површини.

Да не се врши палње на отпад и друг горлив материјал.

Да не се фрлат отпушоци од цигари и догорчиња.

Доколку се забележи пожар на отворен простор, граѓанска должност е на секој граѓанин е до го пријави до надлежните институции. Од брзината и точноста на информацијата, зависи и успехот на акцијата за гасење и контрола на пожарот.

Доколку се затекнати лица кои палат оган на отворен простор, односно предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, истите ќе подлежат на високи законски санкции.

Пожарот може да се пријави на 192 -Полиција, 193 – ТППЕ ( Територијална противпожарна единица), 195 – РЦУК (Регионален центар за управување со кризи), 632-274 – РЦУК Радовиш, 635-397 -Пожарна Радовиш, 634-105 -МВР ПС Радовиш и 617-700- Општина Радовиш“, стои во апелот до граѓаните од Општина Радовиш.

Радовиш

Денеска е Преподобна Параскева, во народот позната како Света Петка

Media Press

Published

на

Според житието  Параскева (Петка) била родум од Рим.

„Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши.Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин…стои во житието за Света Петка.

Се успокоила во Господа во единаесеттиот век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во Романија, во градот Јаши.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства. На денешен ден се избегнува да се работат тешки работи на нива и дома.

И во црковните храмови кои не го носат нејзиното име, на овој ден се одржува света божествена литургија.

Света литургија се одржа и во црковниот храм Света Троица во Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Утре, крводарителска акција во Црвен крст Радовиш

Media Press

Published

на

ОО на Црвен крст од Радовиш утре организира крводарителска акција која ќе се спроведе во просториите на Црвен Крст.

„Дарувањето крв претставува гест на хуманост, сите заинтересирани Крводарители може да дојдат на ден 09.08.2022 год.(ВТОРНИК) и да даруваат крв“, се вели во известувањето од Црвен крст, Радовиш.

Акцијата ќе се спроведе од 09:00 до 15:00 часот и според препораките крводарителите треба да доаѓаат добро хидрирани, со лесен утрински оброк и позитивно расположени.

ВАШАТА КАПКА КРВ МОЖЕ ДА СПАСИ НЕЧИЈ ЖИВОТ, ДАРУВАЈ КРВ БИДИ ХУМАН!

🩸

Прочитај повеќе

Радовиш

,,РАДОВИШАНКИ ЕТНО,, најдобри во автентичен фолклор на Меѓународниот фолклорен фестивал ,,ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ,,-Битола 2022

Media Press

Published

на

ЖФГ „Радовишанки етно“ беа дел од 52 издание на Фестивалот ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ во Битола, кој годинава започна на 18 јули и се одржуваше  до 30 јули, под мотото „Од корените до цветот”.

ПРВО МЕСТО за најуспешна група која презентираше традиционална музика и игра беше доделена на  ЖФГ „Радовишанки етно” од Радовиш, што беше највисока награда на Меѓународниот фолклорен фестивал ,, ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ,,-БИТОЛА 2022, од страна на стручното жири во кое членуваа д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким Рамадани и м-р Христијан Николовски

52-то издание на ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ заврши со доделување на награди за најдобрите македонски културно уметнички друштва и со интернационална вечер што ја приредија гости од Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија и Полска, во Битола заврши 52 издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови”.

 Награда за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра доби КУД „Далги” од Охрид, оркестарот на фолклорниот ансамбл „Китка” од Истибање доби награда за најуспешен изворен состав, вокалната солистка Дијана Анастасовска членка на КУД „Илинден”-Битола е прогласена за најдобра вокалистика, додека КУД „Илинден” од Струга се наградени за ансамбл кој презентира најуспешна и најкомплетна изворна носија.

52 -то издание на фестивалот кој го слави фолклорот и традицијата траеше 12 фестивалски ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ во оваа 2022 година.

Вкупно беа одржани 61 настан кои понудија неверојатната програма во која имаше концерти, изложби, промоции на книги, филмски проекции, перформанси, работилници за деца, стручни конференции …

Вкупно имаше 1.300 учесници и гости од 7 земји учеснички. Беа поставени 3 паралелни сцени и целиот град беше претворен во отворена сцена за настап.

Фестивалот ќе остане запаметен по огромна бројка на млада публика, нешто што било реткост на овој стар Фестивал.

Мотото на фестивалот е оправдано • Од коренот до цветот• потврдуваат од Центарот за култура, Битола.

Прочитај повеќе