Connect with us

Регион

73 нови случаи на Ковид 19 во Југоистокот во текот на вчерашниот ден, најголем број во Струмица

Media Press

Published

на

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на КОВИД-19, од нив 73 во Југоистокот. Најголем број повторно во Струмица 22, Валандово 18, Гевгелија 17, Радовиш 13, Богданци 2, Дојран 1.

Пријавени се вкупно 27 починати лица: 12 од Скопје (60г, 65г , 66г, 66г, 69г, 73г ,74г, 77г 78г, 78г, 79г и 82г), по 3 лица од Битола (60г, 66г и 79г) и Охрид (58г, 66г и 77г), по 2 починати лица од Куманово ( 59г и 75г) и Тетово (54г и 68г) и по едно лице од Прилеп (86г), Велес (56г), Гостивар (76г), Струмица (73г) и Кичево (63г).

Регистрирани се 1.152 оздравени пациенти од: Струмица 30 Гевгелија 15 -Радовиш 12 Валандово 4 Богданци, Дојран по 2 .

Досега во земјата се направени вкупно 674.378 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на активни случаи изнесува 19.927.

Регион

Трето прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот регион

Media Press

Published

на

Трето прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека третото прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 03 до 05 Август 2021 година, со следниот распоред:

На 03.08.2021 година (Вторник), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.

На 04.08.2021 година (Среда), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево, Струмица.

На 05.08.2021 година (Четврток), во период од 20 до 04 часот во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Прочитај повеќе

Регион

Објавени се броевите на кои граѓаните од Југоистокот можат да закажат вакцинација во домашни услови

Media Press

Published

на

Од денеска започнува закажување вакцинација во домашни услови. Граѓаните кои од здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт да се вакцинираат ќе можат тоа да го сторат во домашни услови.

Закажувањето е преку јавување во здравствените домови или член од семејството, роднина, пријател, познаник може да им закаже домашна посета за вакцинирање со директно пријавување на пунктовите за вакцинација.

Министерството за здравство ги објави броевите на здравствените домови на кои може да се закаже вакцинацијата со домашна посета. Граѓаните од  Југоистокот за домашно вакцинирање можат да закажат на следните броеви:

Здравствен дом Радовиш – 070 357 770,078 319 452 закажување од 13 до 14:30 часот;

Здравствен Дом Валандово – 078 453 381 закажување од 11 до 13 часот;

Здравствен дом Струмица – 034 321-380 закажување од 09 до 13 часот;

Здравствен дом Гевгелија – 075 276 974 закажување од 10 до 12 часот;

Прочитај повеќе

Регион

Пријавени деца за вакцинација и од Југоистокот, најмногу од Струмица

Media Press

Published

на

Од понеделник почнува вакцинирањето на деца и млади од 12 до 18 години. Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ до вчера напладне вкупно се пријавиле 1623 деца и млади. Вакцинирањето ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле при пријавувањето.

Најголем број пријавени деца и млади од општините во Југоистокот има во Струмица 43, Гевгелија 40,  а во останатите градови бројките се под 10 пријавени, информираат од Министерството.

Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 2.866 тестирања, регистрирани се 26 нови случаи со Ковид-19.

Прочитај повеќе