Во Здравствениот дом во Радовиш досега се вакцинирани околу 160 граѓани над 77 години од добиените 200 дози вакцини од Астра Зенека. Вакцинацијата суште е во тек и може да се пријавуваат и граѓани од 70 години па нагоре кои сакаат итно да се вакцинираат.
Според директорката на Здравствениот дома Д-р Лимонка Илиевска вакцинацијата тече во најдобар ред со придржување на основните препораки – задолжително носење заштитна маска, одржување дистанца, дезинфекција на раце и мерење температура. Термините се закажуваат преку матичните лекари кои ги упатуваат своите пациенти и ги известуваат за времето на вакцинација.
Истата се одвива во просториите на Здравствениот дом, секој работен ден од 08-15 часот. Според
директорката Илиевска досега не се пријавени
несакани реакции од вакцината Астра Зенека, од страна на пациентите. Непречено работи и Ковид
амбулантата каде им се даваа соодветна терапија и им се пружат птребните услуги
на ковид болните.
И во Во ЈЗУ “Здравствен Дом”-Струмица од
31 март од кога започна
вакцинирањето со првата пратка од 600 дози Астра се
вакцинирале околу 380 граѓани од кои тројца во домашни услови, поради неподвижност,
информираше во понеделникот директорката на ова здравствена установа, д-р Љубица Митева.
Вакцинацијата се одвива во просториите на Службата за Спортска медицина, секој работен ден од 08-18 часот. Термините за вакцинација се закажуваат преку матичен лекар.
На 11 април како што информира директорката е примена и втората пратка од 100 дози Астра
Зенека од Министерството за здравство.
Во овој период во тек е и вакцинацијата
во Гевгелија и во Валандово. За овие две недели, на
територијата на цела држава пуштени се 9.577 термини за вакцинација
на граѓани над 77-годишна возраст, велат од Министерството за здравство.
Основната препорака и покрај вакцинирањето е да граѓаните останат заштитени, да
носат маска, да одржуваат
дистанца и дезинфекција!!!