Connect with us

Радовиш

Поради дефект денеска без вода за пиење корисниците од Втора урбана заедница во Радовиш

Media Press

Published

на

ЈП Плаваја ги извесувава корисниците од Втора урбана заедница во Радовиш дека поради дефект водоводната линија денеска ќе останат без вода за пиење се до отстранувањето на истиот.

„ПОЧИТУВАНИ КОРИСНИЦИ, ПОРАДИ САНАЦИЈА НА ДЕФЕКТ НА ГЛАВНА ДИСТРИБУТИВНА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА УЛИЦА “22 ОКТОМВРИ” ПРЕД ОПШТИНСКИОТ СУД КОЈ СЕ СЛУЧИ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ, ДЕНЕС СРЕДА 14 АПРИЛ 2021 ГОДИНА ЌЕ ИМА ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО НА НАВЕДЕНОТО ПОДРАЧЈЕ ДО САНАЦИЈА НА ДЕФЕКТОТ“, стои во известувањето од ЈП Плаваја, Радовиш.

Радовиш

Извршена санација на спортскиот терен во ООУ „Кирил и Методиј“, Ораовица

Media Press

Published

на

Општина Радовиш изврши санација на спортскиот терен во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица, радовишко.

Во склоп на оваа училиште се реализира проект за санирање на спортското игралиште и обележување на теренот со еко боја, информираат од општината. Исто така ќе се изврши санација на летниковец и поставување на нови клупи и канти. На спортскиот терен ќе бидат поставени нови голови и кошеви за одвивање на спортските активности на учениците.

Прочитај повеќе

Радовиш

Асфалтиран пристапниот пат до градските гробишта во Радовиш

Media Press

Published

на

Асфалтиран  пристапниот пат кон новиот проширен дел на градските гробишта во Радовиш и обезбеден е паркинг надвор од кругот на гробиштата. Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов вели дека не станува збор за грандиозен проект но се решава голем проблем на граѓаните.

„Со асфалтирањето на пристапниот пат граѓаните достоинствено ќе можат да ги испраќаат своите најблиски до нивното вечно почивалиште“, вели Ристов.

Овој проект е еден од неколкуте помали проекти кои се реализираат во последните десеттина денови. Градоначалникот Ристов уште еднаш потенцира дека ќе се  продолжи со истото темпо за подобра иднина на Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Приведен дилер од радовишко, пронајдена марихуана

Media Press

Published

на

На 27.11.2021 во 11.15 часот во с.Подареш, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.П.(34) од с.Подареш. При претрес во куќата каде живее, дворно место, помошни простории и две возила извршен со судска наредба, биле пронајдена и одземена марихуана (околу 255 грама), дигитална вага, а имало и импровизиран простор за обработка на марихуаната.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе