Connect with us

Конче

Училиштето во с.Горни Липовиќ конечно ќе добие пристојни услови за настава. Општина Конче ќе реализира проект за реконструкција

Media Press

Published

на

Општина Конче ќе реализира  проект за реконструкција на ПОУ Гоце Делчев-Конче во с.Горни Липовиќ  со средства од Министерството за образование и наука.   По објавената ранг листа на Министерството за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти на општински основни и средни училишта, училиштетото во Горни Липовиќ  се наоѓа на 5 то место со 52 бода од одобрени 19 проекти.

„По најавата за изградба на нова училиша зграда во с.Конче, реконструкцијата со сопствени средства на училиштето во с.Дедино, ќе се реконструира и  училиштето во с.Горни Липовиќ, кое е во многу лоша состојба“, вели градоначалникот  Благој Илиев.

Тој додава дека со цел подобрување на условите за образование и дсотигнување на современите стандарди за децата, набавени се и 2 нови минибуси за превоз на учениците а завршена е и изградбата на спортката сала во дворот на училиштето во Конче .

„Една од најважите обврски кои беа во нашата програма беше подобрување на условите за образование на нашите деца“ додава градоначалникот Илиев.

Конче

Општина Конче ќе реализира проект за реконструкција на училиштето во Горни Липовиќ

Media Press

Published

на

Општина Конче најавува нови проекти за реализација со кои ќе се подобрат условите за живот на локалното население.

Градоначалникот Благој Илиев покрај проектот  кој го најави неодамна за реконструкција на  дел од локалниот пат кој ги поврзува селата Долни и  Горни Липовиќ, најави и други проекти одобрени за финансирање и реализација.

Еден од нив е проектот за реконструкција на училиштетото во Горни Липовиќ, како и училиштето во Дедино каде веќе е започната реконструкцијата. Исто така преку Министерството за животна средина ќе се реконструира и дел од канализацијата во село Дедино.

Во наредниот период градоначалникот Илиев очекува дека Општина Конче ќе склучи договор за прекугранична соработка со Грција, за реализација на проект од областа на етно- туризмот.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче ќе реконструира дел од локалниот пат помеѓу Долни и Горни Липовиќ, со изградба на плочест пропуст на реката

Media Press

Published

на

Општина Конче најавува нови проекти за реализација со кои ќе се подобрат условите за живот на локалното население. Градоначалникот Благој Илиев најави дека деновиве ќе започне реализацијата на нов проект за реконструкција на  дел од локалниот пат кој ги поврзува селата Долни и  Горни Липовиќ со изградба на плочест пропуст на Модра река. Со ова ќе се реши еден голем проблем на жителите од двете населени места кој се провлекува со години.

 Станува збор за проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски а е финасиран преку Светска Банка.

 Проблемот околу поминувањето на реката посебно се чувствувал при пообилни врнежи од дожд кога реката надоаѓала и требало да се чека и по неколку часа за да се намали новото на истата, се жалат жителите.

Во овој период како што најави градоначалникот Илиев одобрени се и други проекти за финансирање и реалзиација.

Прочитај повеќе

Конче

Двајца жители од Конче фатени на скопскиот аеродром со лажни ПЦР тестови

Media Press

Published

на

Двајца жители од Конче биле фатени на скопскиот аеродрм со лажни ПЦР-тестови во обид да ја напуштат државата. Тие се казнети со по 2.000 евра во денарска противредност.

Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, до Основниот кривичен суд Скопје денеска е поднесено Предлог за издавање казнен налог против двајца жители на радовишкото село Конче, кои се товарат за кривично дело – Фалсификување исправа.

На 29 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, тие употребиле како вистинска лажна исправа – сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот. Медицинските сертификати за кои знаеле дека не се оригинални и не се издадени од наведената лабораторија ги презентирале при пасошката контрола, при обидот да ја напуштат државата.

Основното јавно обвинителство Скопје му предложи на Судот за двајцата обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. 

Прочитај повеќе