Connect with us

Радовиш

5 лица од Радовиш заработиле казна за управување моторно возило без возачка дозвола

Media Press

Published

на

На 08 април во времето од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Радовиш била спроведена акциска контрола над сите учесници во сообраќајот.

Притоа, биле констатирани 19 прекршоци, од кои 5 за управување моторно возило без возачка дозвола, 4 за некористење на сигурносен појас при возење, 3 прекршока за управување возило на кое не се вклучени најмалку соборени светла и 7 останати прекршоци.

Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани, информира СВР Струмица.  

Радовиш

80 прехранбени пакети на болни и изнемоштени пензионери од општините Радовиш и Конче по повод велигденските празници

Media Press

Published

на

 Здружението на пензионери од Радовиш и Конче и годинава доделува прехранбени пакети на болни и изнемоштени пензионери по повод велигденските празници.  Пакетите се доставуваат до домовите на пензионерите во соработка со Црвениот крст од Радовиш. Годинва ќе бидата додлени околу 80 пакети.

Пензионерите втора година по ред ќе имаат активности во намален обем со цел почитување на мерките и препораките за заштита од Ковид -19 и според претседателот на здружението Мите Стефанов, тие се едни од најдисциплинираната категорија граѓани.

Во овој период се врши и реконструкција на фасадата на домот на пензионерите, која не е обновена со години, проект кој го реализира Општина Радовиш.

Здружението на ПРК изминатите години беше познато по најдобро и најмасовно  организираните спортски и културни манифестации во државата и заеднички екскурзии, но последните две години тие ги поминуваат со намалени активности согласно препораките за заштита од Корона вирусот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Утврден успехот на учениците во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш

Media Press

Published

на

Утврден успехот и поведението на  учениците во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш на крајот на првото тромесечје од второто полугодие.  Оценките на учениците се  формирани врз основа на тестирања и согледувања на наставникот во текот на реализација на онлајн наставата.

Според директорот на училиштетото Гоце Лазаров, успехот задоволува иако е понизок во споредба со годините кога се одвиваше наставата во нормални услови со физичко присуство.

„Вчера имавме класни совети каде што се утврди успехот на учениците. Според реферирањето на извештаите од класните раководители, дојдовме до заклучок дека успехот на учениците е сличен со оној во првото полугодие. Во некои класови е подобар во некои послаб. Друго е учењето со физичко присуство друго е онлајн“, вели Лазаров.

Инаку во СОУ Коста Сусинов во Радовиш сите ученици посетуваат настава онлајн поради веќе позната ситуација со корона вирусот, а само практичната настава се одвива со физичко присуство.

Во овој период во тек е и одбраната на проектните задачи на матурантите кои ги браната онлајн, по што ќе следува полагањето на матурските испити од државната матура. Годинава матурантите ќе полагаат два екстерни и два интерни испити.

Прочитај повеќе

Радовиш

Оливер Промет – Производство на трпезариски маси и столици

Media Press

Published

на

Постоиме за да создаваме
Создаваме за да ја предизвикаме убавата хармонија во вашите домови. 30 години постоиме за исполнување на нашите и вашите соништа. Нека вашите домови бидат украсени со столови и маси изработени од дрво и висококвалитетни штофови. Обработени по софистициран пат и наменети за сечиј вкус.

Секогаш со вас и за вас, Оливер промет.

Дел од преубавиот асортиман можете да го погледнете на фејсбук страницата на Оливер Промет.

Контакт телефон: 071 204 592
Емаил: oliverpromet@yahoo.com

Прочитај повеќе